Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 одлични филмови со незаменливиот Ентони Хопкинс

Емотивниот The Father и по малку вознемирувачкиот The Silence of the Lambs се само дел од филмовите со Ентони Хопкинс кои сите треба да ги изгледаме барем еднаш.

5-odlichni-filmovi-so-nezamenliviot-entoni-hopkins-01.png

За многумина, велшкиот актер Ентони Хопкинс е жива легенда, а тој тоа го потврди со својот втор Оскар за најдобар актер за неговата изведба во The Father.

Освен оваа улога, тој навистина си ја врши својата работа одлично и во други филмови, а во продолжение ги споделуваме нашите топ 5:

The Father

Една од најдобрите машки изведби барем во последните 20 години, и патем, без сомнение најдоброто од Хопкинс.

Хопкинс штотуку го даде можеби последниот излив на својот голем талент со лик кој е трагичен и кој во рамките на оваа сложена нарација е способен да ја прикаже Алцхајмеровата болест каква што ретко се гледа во киното - од перспектива на самиот пациент. 

The Two Popes

Едно од најдобрите сценарија на годината во голема мера благодарение на хемијата помеѓу Прајс и Хопкинс, вториот несомнено многу посупериорен благодарение на покомплексната улога од онаа на неговиот колега, играјќи католички водач. 

Dracula

Оваа адаптација беше голем успех, а тоа не беше само од учеството на Ентони Хопкинс како познатиот ловец на вампири, туку и впечатокот на циничен, интелигентен, па дури и донекаде застрашувачки лик - аспекти со кои ликот дотогаш не бил многу идентификуван.

За многумина, ова е најдобрата екранизација на истоимениот роман на Брам Стокер, а покрај Хопкинс, во филмот се појавуваат Гери Олдман, Винона Рајдер, Киану Ривс и Моника Белучи. 

The Remains of the Day

Во The Remains of the Day, Хопкинс глуми батлер за британски газда. Неговиот живот е фрлен во емотивно потиснат хаос од новата куќна помошничка (Ема Томпсон).

Експанзивниот, моќен, срцепарателен филм опфаќа период пред Втората светска војна, но нема да откриваме повеќе, бидејќи тоа треба да го направите сами.

The Silence of the Lambs

Овој филм се случи премногу доцна во кариерата на Хопкинс за да се нарече негова „улога на пробивање“, иако секако овој филм е она по што тој продолжува да биде најпознат.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg