Првиот анимиран филм за љубовта помеѓу две момчиња ќе се прикажува и во Македонија – поделени мислењата за „Чудесен свет“
„Чудесен свет“ е првиот анимиран филм на Дизни за тинејџери, во кој се зборува за 16-годишно момче кое е вљубено во друго момче, а доби различни критики од јавноста. Едни сметаат дека е време за прифаќање и напредни идеи во цртаните, други, пак, сметаат дека филмот не е соодветен за деца. Што мислите вие?
Најновиот анимиран филм на Дизни, Strange World (Чудесен свет) ќе се прикажува и во нашите кино сали, а околу него веќе почна да се „крева прашина“ на социјалните мрежи.
Станува збор за научно-фантастична авантура инспирирана од приказните на Жил Верн, во која за првпат ќе биде опишана љубовта помеѓу две момчиња.
Филмот ќе има светска премиера на 23-ти ноември, а од следниот ден ќе се емитува и во нашите кино сали.
„Чудесен свет“ нѐ запознава со легендарното семејство Клејдс кое се обидува да го истражи непознатото земјиште.
Екипажот е составен од немирен „блоб“, триножно куче, како и Итан Клајд, 16-годишно хомосексуално момче.
Засега на социјалните мрежи има повеќе коментари од оние што имале можност да го погледнат цртаниот филм на претпремиера и според нив станува збор за прекрасна анимација на чудесниот свет, кој има убава порака за прифаќање на луѓето од хомосексуалната заедница.
За некои твитерџии овие сцени се слатки и неодоливи и тие сметаат дека е време за модернизирање на содржините наменети за деца.
„Сцената го опишува синот што се срами пред момчето во кое е вљубен и татко му доаѓа и му вели на момчето: ’Мило ми е што те запознав. Син ми постојано зборува за тебе’ и уште повеќе го засрамува. Многу слатка сцена“ – стои во еден твит.
Од друга страна, се појавија и критики за филмот во кои го обвинуваат Дизни дека негативно влијае врз младата популација и дека воопшто филмот не е погоден за деца, токму заради хомосексуалната приказна.
„Воопшто не е во ред да им ги перете мозоците на децата. Извинете!“
Што мислите вие? Време ли е децата да почнат на овој начин да се учат дека треба да ги прифаќаат луѓето без разлика на нивната сексуална определба или ова воопшто не е соодветно за млада публика?
Погледнете го трејлерот:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





