10 филмови со неочекувани пресврти за кои ќе размислувате со денови

Knives Out, Arrival и The Usual Suspects се само дел од филмовите чии пресврти честопати се тема на разговор помеѓу љубителите на филмската уметност.

10-filmovi-so-neochekuvani-presvrti-shto-kje-gi-mislite-so-denovi-01.jpg

Ако сакате филм со одлична приказна која ќе ве замисли, но и пресврт кој никогаш не би го предвиделе, веруваме дека ќе ви се допадне оваа листа.

10 филмови со можеби најдобрите пресврти во историјата на Холивуд:

Knives Out

Харлан е богат автор на мистерии кој е пронајден мртов веднаш по неговиот 85-ти роденден. Бидејќи целото негово семејство потајно го посакува неговото богатство, на некој начин, сите членови имаат мотив да го убијат.

И додека полицајците сметаат дека станува збор за самоубиство, приватниот детектив Бланк има свои теории.

Дејството на овој забавен крими-филм премногу потсетува на приказните на Агата Кристи, заедно со пресвртот што сигурно нема да го очекувате.

Актерската екипа ја сочинуваат некои од најдобрите холивудски актери, вклучувајќи ги Даниел Крег, Крис Еванс, Ана де Армас и Ејми Ли Куртис.

Arrival

Ако уживате научно-фантастични филмови со психолошки елементи, а притоа сакате и добар пресврт, Arrival е филмот којшто мора да го изгледате.

Главниот лик е лингвистиката Луис која се обидува да го дешифрира јазикот на вонземјаните кои неочекувано се појавиле на Земјата и не го напуштаат нивниот вселенски брод, туку само му испраќаат пораки на човештвото.

Паралелно со главното дејство, дознаваме и за ќерката на Луис, како и пропаднатиот брак.

Дефинитивно еден од најдобрите научно-фантастични филмови кој ќе ве натера да размислите за сите ваши животни одлуки.

Главните улоги им припаѓаат на Ејми Адамс и Џереми Ренер.

The Others

За љубителите на хорор-филмовите, The Others може да биде одличен избор.

Грејс е религиозна мајка на две деца – ќерката Ен и синот Николас. Тројцата се вселуваат во нов дом, по крајот на Втората светска војна, додека Грејс го чека враќањето на нејзиниот сопруг.

Истовремено, децата на Грејс имаат мистериозна болест која ги прави многу чувствителни на светлина, па таа пробува да ги заштити по секоја цена.

По некое време, ќерката Ен почнува да гледа духови и на почетокот Грејс не ѝ верува, но потоа и самата почнува да сведочи на необични случувања во куќата.

Пресвртот во The Others е нешто што сигурно го немате видено во ниту еден друг хорор-филм, а фактот што Никол Кидман ја игра главната улога треба да биде доволна причина да го изгледате.

Us

Уште еден хорор-филм, но овојпат со поразлична тематика.

На почетокот од филмот ја гледаме малата Еди која ја сретнува нејзината двојничка, по што престанува да зборува и целосно се затвора во себе.

Години подоцна, ја гледаме Еди како возрасна жена која оди на одмор со сопругот и двете деца. Анксиозноста на Еди е повеќе од очигледна и таа уште е затворена личност.

Една вечер, семејството на Еди е нападнато од луѓе облечени во црвено, за кои сфаќаат дека изгледаат потполно исто како нив.

Навистина необичен филм чие морничаво дејство ќе го мислите со денови, а една од главните улоги и припаѓа на единствената Лупита Нионго.

The Usual Suspects

Интересен детаљ во овој филм е тоа што некои сцени не се по хронолошки редослед, но дејството сепак е разбирливо.

Дејството се одвива околу мистериозен криминалец – Кајзер Созе – за кој полицијата не е ни сигурна дека постои, но сепак се обидува да го фати, испрашувајќи ги криминалците кои наводно соработувале со него.

Филмот доби Оскар за најдобро оригинално сценарио, а според Writers Guild of America, ова е меѓу 50-те најдобри сценарија во историјата на кинематографијата.

Што значи, навистина ве очекува возбудлива приказна која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.

;

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg