10 филмови со неочекувани пресврти за кои ќе размислувате со денови

Orphan

Откако ќе го изгубат бебето, маж и жена одлучуваат да посвојат 9-годишно девојче.

На почетокот девојчето одлично се адаптира со новото семејство и нејзиното ново братче, но набрзо родителите почнуваат да ги забележуваат нејзините вознемирувачки постапки.

Ова е навистина морничава приказна со пресврт кој дефинитивно ќе ви биде тема на разговор.

Fight Club

Fight Club на Дејвид Финчер e можеби најпознатиот филм со неочекуван пресврт, па ако не сте го изгледале досега, ова е знак дека е време да го направите тоа.

Главниот лик е несреќен маж со несоница кој сосема случајно го запознава Тајлер – ексцентричен лик кој му предложува да стане дел од неговиот „тепачки клуб“.

Но, не поминува долго пред овој клуб да се претвори во терористичка организација.

Со актерска екипа што ја сочинуваат Бред Пит, Едвард Нортон, Хелена Бонам Картер и Џеред Лето, не треба да ве убедуваме да го изгледате овој филм.

The Sixth Sense

Уште еден ултра популарен филм кој мора да го изгледаат сите.

Филмот не е хорор, но има морничави сцени поради малото момче кое може да гледа мртви луѓе.

Момчето добива помош од детскиот психолог Малком со цел полесно да се справи со траумата од она што го гледа.

Главните улоги им припаѓаат на Брус Вилис и Хали Џоел Осмент.

;

Moon

Главниот лик е астронаутот Сем кој се наоѓа на станица на Месечината, а единственото друштво му е неговиот компјутер.

Сем поминал речиси три години на станицата, и се подготвува да се врати дома бидејќи му истекнува договорот.

Но, пред да успее да се врати, на станицата му се случува несреќа.

Во поголемиот дел од филмот ќе го гледате само Сем Роквел во улогата на астронаутот, а покрај него се појавува и Кевин Спејси.

The Game

Николас е обичен богат банкар чиј живот се променува целосно откако добива необичен роденденски подарок од неговиот брат.

Подарокот е покана за учество во игра чии правила не му се најјасни ни на самиот банкар. Од љубопитност, тој одлучува да ја прифати поканата и набрзо почнуваат да му се случуваат чудни, но и лоши работи.

И ова е филм на режисерот Дејвид Финчер, а главната улога му припаѓа на Мајкл Даглас.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg