Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лекувањето (видео)

Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки за 35-тиот роденден, откако малата Тара извојува уште една тешка битка во лекувањето - слатки прегратки, големи балони и Барби аутфити. 

hristina-pan-za-35-tiot-rodenden-se-zabavuva-so-kjerkichkite-otkako-ednata-izvojuva-nova-bitka-vo-lekuvanjeto-01.jpg

Христина Младенов, на Инстаграм позната како Христина Пан, е мајка-херој, која изминатиов период минува низ големи животни предизвици.

Таа за CRNOBELO.com јавно зборуваше за неколкугодишната борба со неплодност, а во 2022 стана мајка на прекрасни близначки Тара и Хана.

hristina-pan-za-35-tiot-rodenden-se-zabavuva-so-kjerkichkite-otkako-ednata-izvojuva-nova-bitka-vo-lekuvanjeto-02.jpg

Но пред да наполнат 1 година, таа откри дека Тара се соочува со сериозна болест.

Нивниот процес на лекување, хемотерапии и третмани трае подолг период, во Скопје и во Љубљана, а неодамна се вратија од Турција, каде што малата Тара извојува уште една тешка битка.

Прочитајте и Христина Пан по 2 месеца поминати во болница со ќеркичката во Турција: „Се молам најлошото да е зад нас“

Сега, по повод 35-тиот роденден на Христина, таа објави емотивно видео со двете ќеркички, облечена во розово и насмеана покрај своето најголемо богатство. 

Тие си играат со огромни балони со бројки 35 и со натпис „Среќен роденден“, се прегрнуваат, прават забавни гримаси, а двете сестрички се облечени во Барби аутфити.

hristina-pan-za-35-tiot-rodenden-se-zabavuva-so-kjerkichkite-otkako-ednata-izvojuva-nova-bitka-vo-lekuvanjeto-03.jpg.jpg

Во описот на видеото таа напиша кратко и јасно: „Само една желба имам за овој роденден“.

Во коментари сите ѝ ја посакуваат истата желба, нејзината ќеркичка Тара целосно да оздрави и цел живот да бидат вака среќни – заедно.

Погледнете го видеото:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Христина Пан прослави 8 години брак - објави свадбени фотки и ужива со 3-те ќерки, откако едната се ... По борбата со неплодност и ракот на една од близначките, Христина во прекрасна а...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава