10 божиќни филмови и серии на Нетфликс што ќе ве стоплат во празничната сезона

Верувале или не, но празниците се ближат и наскоро можеме да седнеме и да гледаме многу празнични филмови или серии. 

magija-i-euforija-10-serii-i-filmovi-na-netfliks-so-koi-kje-se-zagreete-za-prestojnite-praznici-01.png

Како што се наближува празничната сезона, старата дебата за тоа која серија или кој филм е најдобар секогаш се појавува кај многу луѓе кои сметаат дека нивниот избор е најдобар.

Не можевме да се одлучиме ниту ние, но затоа спремивме една листа од 10 одлични филмови и серии од изминативе неколку години во кои сигурно ќе уживате пред празниците и за време на нив.

Пет серии за празничната сезона:

Home for Christmas

Норвешката хумористична, но романтична серија Home For Christmas е дефинитивно направена за овој период од годината!

Приказната е едноставна: Јохана е медицинска сестра на триесет и нешто години и е единствената од целата фамилија што ќе биде без момче/сопруг на Божиќ.

Така, таа решава да најде момче кое ќе ја придружи на семејната вечера за да го направи нејзиното семејство среќно.

Приказната се развива многу интересно, а сами откријте кој ќе ја придружи Јохана на вечерата.

Christmas Flow

Првата француска божиќна романтична комедија во вид на серија на Нетфликс ни раскажува за една божиќна романса меѓу познат рапер и упорна новинарка. Дали врската ќе успее?

Over Christmas

Уште една празнична серија на Нетфликс, која раскажува за разочараниот музичар Бастијан кој патува дома за Божиќ, само за да дознае дека неговиот брат сега излегува со неговата бивша. Празнична драма, да!

Dash & Lilly

Трансформирајќи го класичниот божиќен роман во заразна серија, ова е една поинаква романтична приказна која се случува преку една тетратка која кружи низ разни локации во Њујорк.

Merry Happy Whatever

Приказна за комплицирано семејство и стресот за време на Божиќ што го доживуваат сите поради еден строг татко кој се меша во сечиј живот.

Но, кога неговата најмлада ќерка ќе дојде дома за празниците со ново момче, многу работи се менуваат.

Одлична серија која предпразнично ќе ве насмее.

На следната страница пет филмови што ќе ве стоплат во празничната сезона...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg