10 божиќни филмови и серии на Нетфликс што ќе ве стоплат во празничната сезона

Falling for Christmas

Линдзи Лохан - ова е целата информација што ви е потребна за да го изгледате овој филм.

Ако тоа не е доволно за да ве привлече, тогаш еве малку повеќе: Таа глуми разгалена наследничка во одморалиштето на нејзиниот татко во Аспен.

Некои работи се случуваат што водат проблеми со амнезија и да, како и во многуте празнични филмови, и овде има една слатка романса.

The Noel Diary

Емотивен филм во кој се случува романса на едно патување каде двајца странци, чии биолошки родители споделуваат силна поврзаност, бараат одговори за нивното минато.

Недела, декември, топол чај, ќебе и The Noel Diary - навистина одлична комбинација.

Christmas on Mistletoe Farm

Откако наследил фарма за Божиќ, татко вдовец се адаптира на селскиот живот и навистина не му се допаѓа, додека неговите деца прават план да останат таму засекогаш.

https://www.youtube.com/watch?v=McQ9ALuzJRQ

Christmas With You

Во филмот, Ејми Гарсија ја игра латино поп-ѕвездата Анџелина, која кога патува во еден мал град во близина на Њујорк како бегство од нејзиниот живот, запознава тинејџерка чија љубов кон музиката ѝ дава нова перспектива.

Но, поп-ѕвездата може да има и неочекувана шанса да се заљуби во таткото на тинејџерката.

Holidate

Уморна од испрашувањето на нејзиното семејство и мешањето во нејзиниот љубовен живот секој празник, една девојка се здружува со странец кој се согласува да ја придружува како „плус-еден“ на сите празнични прослави во текот на целата година. 

M. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg