10-те најпребарувани филмови и серии на Google за 2022 година (кои вреди да ги изгледате)

The Batman се смета за еден од најдобрите филмови инспирирани од суперхеројот на DC, додека серијата Inventing Anna одлично ја раскажува приказната за Ана Сорокин – жената која собра огромни суми пари лажејќи ги сите дека е богата наследничка. Кои други филмови и серии се меѓу најпребаруваните на Google за 2022 година?

10-te-najprebaruvani-filmovi-i-serii-na-google-za-2022-godina-01.jpg

Како и секоја година, Google направи листа со најпребарувани термини од разни области за 2022-ра.

Овде спаѓаат и листите со најпребарувани, а со тоа и најпопуларни филмови и серии за оваа година.

За вас ги издвоиме петте најпребарувани филмови и петте најпребарувани серии кои вреди да ги изгледате.

Најпребарувани филмови за 2022-ра:

Thor: Love and Thunder

Thor: Love and Thunder e четвртиот филм на Марвел за суперхеројот Тор.

Ликовите се инспирирани од нордиската митологија, па во филмовите ги гледаме и братот на Тор – Локи – како и неговиот татко – Один.

За да бидете во тек со новото продолжение, препорачливо е да ги изгледате претходните три филма: Thor (2011), Thor: The Dark World (2013) и Thor: Ragnarok (2017).

Black Adam

Уште еден филм со суперхерои, но од DC.

И овојпат ќе треба да изгледате друг филм за да бидете во тек со настаните – Shazam! од 2019 година.

Главниот лик, кој го глуми Двејн Џонсон, првично требаше да биде негативецот во Shazam!, но бидејќи ликот им се допаднал на продуцентите, решиле да направат посебен филм за него.

И двата филма се одлични и со доза комедија, па се добар избор за кога сакате да се расположите.

Top Gun: Maverick

Цели 36 години подоцна, јавноста има можност да го погледнете второто продолжение од култниот Top Gun со Том Круз.

Во вториот дел, Том Круз ја репризира улогата на авијатичарот Маверик, кој сега мора да се соочи со неговото минато.

The Batman

Уште еден филм на DC, но сега не мора да гледате ништо друго за да можете да го изгледате овој филм.

Покрај трилогијата на Нолан, ова е можеби најдобриот филм инспириран од популарниот суперхерој, а главната улога му припаѓа на Роберт Патинсон.

Она што го прави The Batman поразличен од другите филмови со Бетмен е тоа што имаме можност да ја видиме детективската страна на суперхеројот, односно да го видиме ликот што е претставен во стриповите.

;

Encanto

Можеби еден од најдобрите анимирани филмови кои се појавија изминативе неколку години.

Encanto ја доживеа својата премиера кон крајот на минатата година, па поради тоа е мошне популарен и годинава.

Главниот лик е Мирабел, девојче кое потекнува од семејството Мадригал. Сите членови на семејството имаат по некоја супермоќ, освен Мирабел.

Во филмот, младата девојка се обидува да сфати што се случило со Бруно Мадригал – член на семејството кој може да ја предвидува иднината и бил протеран од дома.

На следната станица најпребарувани серии за 2022-ра…



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg