Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


10-те најпребарувани филмови и серии на Google за 2022 година (кои вреди да ги изгледате)

Euphoria

Серијата првпат почна да се емитува во 2019 година и e една од причините зошто Зендeја е можеби најпопуларната млада актерка на денешницата.

Во серијата, Зендeја глуми средношколка која има проблеми со зависности и менталното здравје. Покрај неа, гледаме уште неколку средношколци со слични проблеми.

House of the Dragon

House of the Dragon е спин-оф серија од популарната Game of Thrones и се фокусира на семејството Таргериен.

Дејството на серијата е сместено околу 200 години пред настаните во Game of Thrones и опфаќа дел од историјата на семејството, вклучувајќи го и неговиот пад.

Веројатно би можеле да ја следите серијата и без да ја изгледате Game of Thrones, но сепак е препорачливо да почнете со неа.

Moon Knight

Moon Knight мини-серијаta е инспирирана од стрип на Марвел со истоимениот лик.

Главниот лик, Стивен Грант, открива дека добил моќи на египетски бог на Месечината. Сепак, набрзо сфаќа дека покрај предностите, со вакви моќи доаѓаат и многу недостатоци.

Ова е една од многуте серии на Марвел, но нема потреба да гледате ништо дополнително за да можете да го следите дејството.

The Watcher

Хит-серијата на Нетфликс е снимена според вистински настан од кој сигурно ќе ве полазат морници.

Главните ликови се маж, жена и нивните две деца, кои се вселуваат во нова куќа.

Но, набрзо почнуваат да добиваат морничави писма од личност која се потпишува како „Гледачот“ и која им кажува дека постојано ги набљудува.

https://www.youtube.com/watch?v=5HDkw100sXQ&

Inventing Anna

Уште една серија направена според вистинска приказна, овојпат за озлогласената Ана Сорокин.

Сценаристката и продуцентка Шонда Рајмс се инспирирала за серијата кога прочитала статија во магазинот New York за Ана и нејзините измами.

31-годишната жена се претставувала како богата наследничка за да стане дел од најелитните кругови во Њујорк, а поради ова фалсификувала бројни документи.

Користејќи ги овие лаги, таа успеала да изнуди огромни суми пари, услуги и скапи подароци, пред да биде фатена.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg