10 филмови кои со нетрпение ги чекаме во новата 2023-та

Како и секоја година, и во 2023-та ќе видиме неколку продолженија, адаптации, но и оригинални наслови кои звучат навистина возбудливо. Кои се филмовите што со нетрпение ги чекаме во новата 2023-та?

koi-se-najochekuvanite-filmski-naslovi-za-2023-godina-01.png

Влијанието на пандемијата сè уште се чувствува во филмската индустрија, но 2022 година докажа дека апетитот за одење во кино и гледање филмови дома никогаш не исчезнува. 

Гледањето филмови може да биде забава, едукација или истражување на важни социјални прашања.

Филмовите имаат моќ да нè натераат да седнеме и да научиме за нови личности, да доживееме поинаква перспектива или, едноставно, да заборавиме на сите проблеми и да уживаме во една фантастична приказна. 

2023 година ќе биде уште една огромна година за Холивуд, а ова се неколку од најочекуваните филмови:

M3GAN

Премиера: 6 јануари

Ќе сретнете откачена кукла направена со вештачка интелигенција која танцува, а исто така, можеби и убива луѓе.

Skinamarink

Премиера: 13 јануари

Skinamarink е нејасен хорор филм за две деца кои се будат во текот на ноќта, не можат да го најдат својот татко и откриваат дека прозорците, вратите и другите предмети во куќата исчезнале.

Magic Mike's Last Dance

Премиера: 10 февруари

Во третиот дел од Magic Mike ќе има многу танцување.

Иако не знаеме многу за заплетот, познато е дека филмот ќе заврши со танцова секвенца долга 30 минути, па подгответе се.

Creed 3

Премиера: 3 март

Трилогијата Creed добива емотивно и тешко финале во 2023 година, кога ќе излезе Creed 3.

Ѕвездата од франшизата, Мајкл Б. Џордан, се враќа во улогата на Адонис Крид, но тој исто така застанува зад камерата за да го направи своето режисерско деби.

John Wick: Chapter 4

Премиера: 24 март

Дали и вие го очекувате овој филм со нетрпение?

Во оваа акција, Киану Ривс ќе убие многу негативци кои веројатно треба да го остават на мира.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
10 одлични филмови од изминатата деценија кои веројатно сте ги пропуштиле (а вреди да ги изгледате) Ако сте расположени за комедија, дајте им шанса на The Disaster Artist и The Nic...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg