10 филмови што треба да ги изгледате пред Оскари 2023
The Fablemans
Најновиот филм на Стивен Спилберг е драма која делумно е инспирирана од адолесценцијата на самиот режисер, како и првите години од неговата кариера во филмската индустрија.
Главниот лик е Семи Фејблмен, младо момче кое расте во периодот по Втората светска војна во САД и сонува да стане кинематограф.
Во тинејџерските години, тој открива голема семејна тајна и пробува да ја осознае вистината преку моќта на филмовите.
Tár
Кејт Бланшет ја има главната улога во психолошката драма на режисерот Тод Филд, што значи можете да очекувате импресивна изведба.
Главниот лик е Лидија Тар – композиторка и диригентка која го достигнува врвот во музичката кариера.
Таа е една од најдобрите во својата област и кога се чини дека им сè, нејзиниот живот почнува да се движи во надолна линија.
Top Gun: Maverick
Долгоочекуваното продолжение на Top Gun од далечната 1986 година е толку добро, што си заработи и номинација за Оскар за најдобар филм.
Том Круз ја репризира улогата на пилотот Маверик, а дејството е сместено 30 години по првиот филм.
Маверик се враќа во училиштето за пилоти познато како Top Gun, каде што тренира група помлади пилоти, но и каде што мора да се соочи со неговото минато.
Triagnle of Sadness
Мрачната комедија на режисерот Рубен Остлунд се фокусира на неколку ултрабогати ликови кои одат на крстарење.
Помеѓу главните ликови се Карл и Јаја кои работат како модели и се многу познат пар. Тие се поканети на луксузно крстарење со група богаташи, а бродот го управува ментално нестабилен капетан кој го глуми незаменливиот Вуди Харлисон.
Но, патувањето набрзо се претвора во кошмар откако бродот тоне, а преживеаните се заглавени на напуштен остров.
Women Talking
Филмот на режисерката Сара Поли е снимен според истоимената книга на Миријам Теивс.
Приказната е инспирирана од вистинскиот религиски култ во Боливија позната како Манитоба.
Дејството на филмот е сместено во 2010 година, а главните ликови се жените од изолираната заедница кои мораат да се справат со мрачната реалност.
Тие случајно дознаваат дека навечер, мажите од култот ги дрогирале со анестетици и ги силувале.
Покрај морничавата приказна која ќе ве интригира, овде се и актерките како Руни Мара, Клер Фој и Френсис Мекдорманд кои се доволна причина да го изгледате филмот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





