Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови што треба да ги изгледате пред Оскари 2023

Ако сакате воени драми, мора да го погледнете All Quiet on the Western Front, a за љубителите на биографските филмови овде е Elvis кој ги освои и критичарите, и публиката. Кои други филмови од 2022-ра си добија номинација за Оскар?

10-filmovi-shto-treba-da-gi-izgledate-pred-oskari-2023-01.jpg

Неодамна беше објавена листата со филмови номинирани за Оскар и дефинитивно годинава изборот ќе биде навистина тежок.

За најдобар филм ќе се натпреваруваат вкупно десет филма од кои е речиси невозможно да се издвои најдобар.

10 филмови номинирани за најдобар филм кои треба да ги изгледате пред Оскари 2023:

All Quiet on the Western Front

Воената драма на режисерот Едвард Бергер е снимена според истоимената книга од 1929 година.

Дејството е сместено кон крајот на Првата светска војна и се фокусира на младиот германски војник Пол Баумер.

Баумер и неколку пријатели доброволно се пријавуваат да се борат, но веднаш се соочуваат со хоророт на војната.

Па, наместо Баумер да стане херој како што замислувал, сега мора да најде начин да преживее на бојното поле на една од најкрвавите војни во човечката историја.

Avatar: The Way of Water

По повеќе од една деценија од првото продолжение, Џејмс Камерон конечно го сними вториот дел од серијалот Avatar за кој се очекува да бидат направени вкупно пет филма.

Препорачливо е прво да го изгледате првиот дел од 2009 година, бидејќи дејството е поврзано.

Дејството на вториот филм е сместено 10-тина години по првиот. Во овој филм, главниот лик Џејк и неговото семејство ги истражуваат водните области на природниот сателит Пандора и се соочуваат со нова закана.

Сем Вортингтон, Зое Салдана и Сигурни Вивер ги репризираат нивните улоги.

The Banshees of Inisherin

Колин Фарел ја има една од главните улоги во оваа мрачна трагикомедија на режисерот Мартин Мекдона.

Дејството се одвива кон крајот на Ирската граѓанска војна во 1923 година.

Главните ликови се двајца пријатели кои се дружат целиот живот, но животот драстично им се менува откако едниот од нив одлучува да стави крај на пријателството.

Elvis

Биографскиот филм за Елвис Присли беше одлично прифатен и од критичарите, и од публиката, а се смета за еден од 10-те најдобри филмови од 2022 година.

Остин Батлер го глуми познатиот музичар, а дејството го опфаќа речиси целиот живот на Елвис – од неговото детство, до врвот на неговата кариера.

Во фокусот на филмот е и комплексниот однос на Елвис и неговиот менаџер, кој го глуми единствениот Том Хенкс.

Филмот е во режија на Баз Лурман, најпознат по филмовите The Great Gatsby и Romeo + Juliet.

Everything Everywhere All at Once

Филмот е интересна комбинација од комедија и драма, со научно-фантастични елементи.

Главниот лик е Евелин Куан – жена која потекнува од Кина, а веќе две децении живее во САД со сопругот, а заедно имаат и ќерка.

Парот има семеен бизнис кој е под истрага поради затајување данок, а во меѓувреме сопругот бара од Евелин да потпише документи за развод.

Животот на Евелин тргнува во нова насока кога таа открива дека треба да се поврзе со други верзии од себе од паралелни универзуми, со цел да го спречи уништувањето на мултиверзумот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg