Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 (мрачни) филмови на режисерот Тим Бартон, додека ја чекате втората сезона од Wednesday

Charlie and the Chocolate Factory

Во забавната адаптација на истоимениот роман на Роал Дал уште еднаш го гледаме Џони Деп во главната улога.

Овојпат тој го глуми контроверзниот и мистериозен сопственик на фабрика за чоколадо и други слатки.

Еден ден, тој соопштува дека во 5 чоколади од неговата фабрика се кријат златни билети, а децата што ќе ги пронајдат ќе можат да влезат во фабриката.

Едно од децата кое го наоѓа билетот е малиот Чарли кој потекнува од многу сиромашно семејство.

Corpse Bride

И овој филм е направен со техниката за анимација stop-motion, а инспириран е од еврејска народна и морничава приказна од 17-тиот век.

Дејството е сместено во викторијанската ера, а главниот лик е младиот Виктор кој само што се запознава со девојката со којашто треба да стапи во брак.

Пред да ја побара раката на девојката, тој оди во шумата и пробува да го вежба запросувањето.

Но, сосема случајно го става прстенот на трупот на мртва жена, по што таа му вели дека сега му е сопруга и го носи во земјата на мртвите.

Гласовите на Виктор и мртвата девојка ги позајмуваат Џони Деп и Хелена Бонам Картер.

Sweeny Todd: The Demon Barber of Fleet Street

Главниот лик во морничавиот мјузикл е Бенџамин Баркер, бербер кој има берберница во Лондон. Под неговата берберница, една жена продава пити со месо.

И берберот и жената сакаат да им се одмаздат на некои луѓе, па ги здружуваат силите и почнуваат да убиваат. Телата на жртвите, пак, жената ги користи за да ги прави нејзините пити со месо.

Повторно, главните улоги им припаѓаат на Џони Деп и Хелена Бонам Картер.

Dark Shadows

Иако многумина сметаат дека ова е ден од полошите филмови на Тим Бартон, сепак ќе ви биде забавен ако ја сакате мрачната атмосфера што умее да ја создаде само тој.

Филмот е направен според истоимената американска сапуница.

Главниот лик е вампир кој по многу време се враќа во неговиот дом. Овде го пречекува неговото нефункционално семејство кое треба да го заштити.

Во главните улоги ги гледаме Ева Грин, Мишел Фајфер, Џони Деп и Хелена Бонам Картер.

Miss Peregrine’s Home for Peculiar Children

Направен според популарната истоимена книга од Ренсом Ригс, ова е филм што сигурно ќе им се допадне и на вашите деца.

Главниот лик е госпоѓица Перегрин – жена која има дом за деца со необични дарби, како летање, натчовечка сила и траснфмормирање во животни.

Главната улога ѝ припаѓа на Ева Грин.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg