10 филмови со одлични (и необични) љубовни приказни што ќе ве загреат за Валентајн

Во The Curious Case of Benjamin Button ќе ја видите најнесекојдневната љубовна приказна, додека Dracula раскажува епска љубовна приказна, без разлика што некои го сметаат за хорор-филм.

10-filmovi-so-odlichni-i-neobichni-ljubovni-prikazni-shto-kje-ve-zagreat-za-valentajn-01.jpg

Кога станува збор за романтични филмови, обично им даваме предност на „лесните“ драми и комедиите.

Но, постојат и филови кои иако не се вклопуваат во овој калап, дефинитивно треба да ги изгледате ако сакате добра (и необична) љубовна приказна.

10 филмови што ќе ве загреат за Денот на вљубените:

The Great Gatsby

Инспириран од истоимената книга на Ф. Скот Фицџералд, The Great Gatsby е емотивна љубовна приказна, раскажана низ дневникот на ветеран од Првата светска војна.

Ветеранот Ник оди на психијатар на кому му раскажува за мажот кој никогаш не губи надеж – мистериозниот богаташ Џеј Гетсби.

Ник го запознал Гетсби пред седум години, кога се вселил во куќа до неговата огромна вила.

Гетсби живее сам во вилата само со една цел – да организира екстравагантни забави со кои ќе ја привлече девојката што ја сака.

Филмот е во режија на Баз Лурман, а во главните улоги ги гледаме Леонардо ди Каприо и Тоби Мегвајер.

Покрај одличната глума и приказната која ќе ве држи во неизвесност, филмот е посебно визуелно искуство со уште подобра музика.

What Dreams May Come

Малку необична и тажна, но сепак топла и емотивна љубовна приказна.

Главните ликови се Крис и Ени кои имаат две деца. Нивниот живот е совршен, сè додека двете деца не загинуваат во сообраќајка.

Четири години подоцна, умира и Крис, а Ени останува потполно сама, несвесна дека саканиот пробува да комуницира со неа.

Не можејќи да се справи со загубата, Ени си го одзема животот. Но, бидејќи извршила самоубиство, нејзината душа оди кон пеколот.

Тогаш Крис тргнува на мисија да ја спаси душата на саканата за заедно да одат во рајот.

Ова е еден од посериозните филмови на Робин Вилијамс и иако почетокот се чини трагичен, филмот ќе ви ја промени перспективата за многу нешта.

Silver Linings Playbook

Главниот лик е маж со биполарно нарушување кој се вселува во домот на неговите родители, по престој во менталната установа.

Бидејќи се чувствува подобро, тој се надева дека ќе може одново да ја освои сопругата и да го спаси нивниот брак.

Тогаш запознава млада вдовица која му ветува дека ќе му помогне, но само ако тој се пријави на натпревар за танцување со неа.

Иако филмот раскажува слатка романтична приказна, одвреме-навреме ќе ја видите и суровата реалност на животот со биполарно нарушување.

Главните улоги им припаѓаат на Бредли Купер и Џенифер Лоренс која освои и Оскар за изведбата.

Her

Ова е еден од почудните филмови на листата, но дејството е мошне релевантно со светот во којшто живееме.

Главниот лик е Теодор, маж кој се вљубува во неговиот виртуелен асистент.

Дејството е сместено во блиска иднина, кога на пазарот се појавува оперативен систем со напреден виртуелен асистент со вештачка интелигенција кој се адаптира и еволуира.

Теодор го купува оперативниот систем, а на виртуелниот асистент му го дава името Саманта и го подесува со женски глас.

Тој постојано разговара со Саманта за секакви теми и со текот на времето сфаќа дека е вљубен во неа.

Покрај Скарлет Јохансон која го позајмува гласот за Саманта, во филмот се појавуваат Хоакин Феникс, Ејми Адамс, Руни Мара и Оливија Вајлд.

Ghost

Главните ликови во филмот се Сем Вит и неговата девојка Моли Џенсен.

Парот се вселува во нов дом, но набрзо потоа Сем е убиен од ограбувач. По грабежот, Сем е шокиран кога сфаќа дека е дух и во мигот кога треба да оди кон рајот, тој одлучува да ја види Моли.

Сем безуспешно се обидува да комуницира со саканата, а потоа добива идеја да оди кај медиум кој ќе може да му помогне.

И оваа приказна почнува тажно, но одлично ја прикажува бесмртноста на љубовта. Покрај тоа, една од главните улоги ѝ припаѓа на Вупи Голдберг која сигурно ќе ве насмее.

Покрај неа, во филмот се појавуваат и Патрик Свејзи и Деми Мур.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg