10 филмови со одлични (и необични) љубовни приказни што ќе ве загреат за Валентајн

The Curious Case of Benjamin Button

Уште една адаптација на Ф. Скот Фицџералд, но овојпат станува збор за истоимената кратка приказна.

Главниот лик е Бенџамин Батон – човек кој е роден како старец и наместо да старее, со текот на времето станува помлад.

Филмот го опфаќа целиот живот на Бенџамин, од неговото раѓање до неговата смрт, но и врската со неговата сакана која старее, додека тој станува помлад.

Нема да најдете понесекојдневна љубовна приказна од оваа, а фактот што главните улоги им припаѓаат на Бред Пит и Кејт Бланшет се уште една причина зошто треба да го изгледате филмот.

About Time

Романтичен филм со патување низ времето кој ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.

Главниот лик е Тим Лејк кој дознава дека мажите од неговото семејство можат да патуваат низ времето до моменти што ги преживеале.

Татко му веднаш му кажува дека не треба да ја користи оваа способност за да се збогати или да стане славен, па Тим одлучува да патува низ времето за да си го подобри љубовниот живот.

Up

Нека не ве одвраќа фактот што Up e анимиран филм бидејќи овде ќе ја погледнете најубавата и најемотивната љубовна приказна, и тоа склопена во само неколку минути.

Главниот лик е старецот Карл – вдовец чија сопруга, Ели, починала од рак.

Карл и Ели не можеле да имаат деца, па одлучиле да собираат пари за патување од соништата. Но, Ели умира пред да успеат да го реализираат.

Многу години по нејзината смрт, Карл одлучува да ја исполни желбата на саканата и да ја види дестинацијата за којашто сонувале.

Иако Ели се појавува само на почетокот, нејзиното присуство се чувствува во текот на целиот филм преку Карл кој никогаш не престанал да ја сака.

Bram Stoker’s Dracula

Иако за многумина, жанровски, ова е хорор-филм, сепак раскажува епска љубовна приказна.

Филмот е снимен според книгата „Дракула“ од Брам Стокер.

Главниот лик е грофот Дракула кој е подготвен да направи буквално сè за да ја врати во живот неговата сакана.

Филмот е во режија на единствениот Френсис Форд Копола, а има и одлична актерска екипа која ги вклучува Гери Олдман, Винона Рајдер, Ентони Хопкинс и Киану Ривс.

The Shape of Water

Необичниот филм на Гилермо дел Торо освои Оскар за најдобар филм и стана вториот од жанрот фантазија кој успеал во тоа.

Главниот лик е Елиса Еспосито, девојка која не може да зборува и работи во тајна владина лабораторија во САД.

Овде таа здогледува мистериозно водно суштество кое е заробено за испитување.

Постепено, Елиса сфаќа дека суштеството е интелигентно и премногу наликува на човек, па со текот на времето се зближува со него.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg