10-те најконтроверзни филмови од 1990-тите кои треба да ги изгледате

Иако е цртан филм, Aladdin се соочи со многу критики поради погрешно прикажување на културата и религијата во земјите од Средниот Исток, додека нискобуџетниот хорор The Blair Witch Project е толку реалистичен, што многу луѓето излегувале од киното пред филмот да заврши.

10-te-najkontroverzni-filmovi-od-1990-tite-koi-treba-da-gi-izgledate-01.jpg

Неретко, холивудските филмови обработуваат тешки и проблематични теми, а без разлика што се добри, ова ги прави контроверзни.

Повеќето вакви филмови од 1990-тите денес се сметаат за класици, а имаат добиено и Оскари, но тој период публиката веројатно не била подготвена за нив.

10-те најконтроверзни филмови од 1990-тите:

The Blair Witch Project

Инспирирани од морничава легенда за вештерка, тројца студенти одат во шума во Мериленд за да ја најдат. Но, она што останува од нив се само нивните снимки од патувањето преку кои гледаме што им се случувало.

The Blair Witch Proejct е толку реалистичен, што изгледа како вистински документарец за злобна вештерка. Всушност, кога излезе, многу луѓе беа убедени дека гледаат вистински снимки и многумина не успеале да го изгледаат до крај.

Eyes Wide Shut

Главниот лик Вилијам добива понуда да биде пијанист во куќа каде што се одржуваат секс забави. Иако на овие забави сите се маскирани, некој го препознава и го предупредува дека е во голема опасност.

Необичниот филм на Кјубрик, иако денес се смета за класика, своевремено се најде на мета на критики, и тоа не само поради секс сцените. Секс забавите наликуваат на култ, па почнаа да се споделуваат теории на заговор дека во правењето на филмот се вклучени и Илуминатите.

Aladdin

Веројатно сте изненадени зошто на листата има и цртан филм наменет за деца.

Сите ја знаеме приказната за Аладин и иако е многу стара, цртаниот филм беше критикуван за расистички стереотипи.

Односно, многумина сметаа дека културата и религијата во Азија и Средниот Исток се многу погрешно претставени.

Lolita

Снимен според истоимената книга на Владимир Набоков, ова е најконтроверзниот филм на листата.

Дејството на филмот се фокусира на врската помеѓу возрасен маж и мало девојче. Нема секс сцени, но самата тема го прави филмот контроверзен, исто како и книгата.

Од друга страна, многумина сметаат дека овој филм ја зголемува свеста за педофилијата и со тоа нè тера да преземеме нешто во врска со овој проблем.

Leon: The Professional

Кога семејството на мало девојче е убиено, за неа почнува да се грижи платен убиец.

Кога беше издаден, филмот се најде на мета на критики поради односот помеѓу девојчето и убиецот.

Многумина го гледаа убиецот како педофил, додека за повеќето гледачи нивниот однос е како помеѓу татко и ќерка.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg