10 мрачни комедии кои добро ќе ве насмеат, но и ќе ве натераат да размислувате
The Big Lebowsky
Дејството на филмот е сместено во 1990-тите, а главниот лик е Џефри Лебовски – маж кој безделничи и оди на куглање.
Но, хармонијата во неговиот живот е нарушена кога е нападнат по грешка бидејќи има исто име како некој милионер.
The Voices
Ова е еден од почудните филмови со Рајан Рејнолдс кој, иако е комедија, граничи со хорор.
Рајан глуми млад маж со шизофренија кој живее со неговото куче и неговата мачка.
Еден ден, тој одлучува да престане со терапијата, па почнува да халуцинира дека милениците му зборуваат, но и дека го тераат да прави лоши работи.
50/50
Главниот лик е Адам Лернер, 27-годишен новинар кој е дијагностициран со рак на ’рбетот. По кратко истражување, Адам дознава дека шансите да ја преживее болеста се 50/50.
Дејството на филмот го следи животот на Адам од дијагнозата и иако обработува мрачна тема, дава доза надеж.
Inglorious Basterds
Можеби најдобриот филм на Квентин Тарантино изобилува со насилство, но и со комични сцени кои ќе ги зборувате долго откако ќе го изгледате.
Сместено во Втората светска војна, дејството се фокусира на група мажи кои убиваат нацисти и добиваат идеја да пробаат да го убијат самиот Хитлер за да стават крај на војната.
Изведбата на Бред Пит ќе ве насмее до солзи, додека ликот на Кристоф Волц ќе ви покаже како изгледа еден психопат.
Fargo
Во гратчето Фарго, Северна Дакота, маж пробува да се извлече од финансиските проблеми со лаги и измами. Но, скоро ништо не оди по план и ситуацијата кулминира со тројно убиство кое бремена полицајка пробува да го реши.
Филмот е во режија на браќата Коен, додека во главните улоги се појавуваат одлични актери како Френсис Мекдорманд и Стив Бушеми.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





