10-те најдобри акциони филмови од 21-ви век
Taken на морничав начин прикажува колку е лесно да станете жртва на трговија со луѓе, додека John Wick веќе се смета за најдобриот акционен филм на 21-ви век.
Не залудно акционите филмови се секогаш најпопуларни.
Покрај акцијата што ги први возбудливи, кога се во комбинација со добра приказна и одлична актерска екипа, овие филмови се навистина забавно искуство.
Во продолжение, 10-те најдобри филмови од овој жанр од 21-ви век:
Taken
Дејството на филмот на морничав начин прикажува колку е лесно една личност да стане жртва на трговија со луѓе.
Главниот лик е пензиониран агент на ЦИА чија ќерка е киднапирана за време на патување во Париз. Користејќи го неговото искуство, тој оди во Европа со надеж дека ќе ја најде.
Филмот има и две продолженија – Taken 2 и Taken 3.
John Wick
Кратко по премиерата, John Wick беше прогласен за најдобриот акционен филм на 21-иот век – и од гледачите, и од критичарите.
Главниот лик (Киану Ривс) е пензиониран платен убиец и вдовец. Откако група руски гангстери ќе му го убијат кучето што го добил од починатата сопруга, тој ѝ се враќа на старата професија.
Филмот има три продолженија – John Wick: Chapter 2, John Wick: Chapter 3 и John Wick: Chapter 4.
Kingsman: The Secret Service
Кingsman e можеби најзабавниот филм на листата и претставува одличен спој на акција и комедија.
Дејството се фокусира на шпионска организација која регрутира младо момче како дел од тренинг програмата.
Во меѓувреме, луд генијалец има план кој претставува закана за целиот свет.
И овој филм има две продолженија – Kingsman: The Golden Circle и The King’s Man.
Edge of Tomorrow
Напната научно-фантастична акција со Том Круз во главната улога, која дефинитивно ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.
Главниот лик е војник кој се бори против вонземјани кои ја нападнале земјата. Но, секојпат кога ќе умре, се буди и одново го доживува истиот ден и истата битка со вонземјаните.
Children of Men
Дејството на филмот е сместено во 2027 година, а човештвото е на раб на истребување бидејќи две децении сите луѓе се неплодни.
Додека во целиот свет владее хаос, една девојка останува бремена и со помош на поранешен активист пробува да најде засолниште со надеж дека ќе го спаси човештвото.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





