10-те најдобри акциони филмови од 21-ви век

The Incredibles

Ако сакате да гледате филм со вашето дете, кој притоа вам нема да ви биде здодевен, The Incredibles е најдобриот избор.

Главните ликови се семејство суперхерои кои ги кријат своите моќи поради закон кој им забранува да ги користат.

Таткото, желен за авантура како во младоста, прифаќа тајна задача и несвесно го изложува на ризик целото семејство.

Во 2018 година излезе и долгоочекуваното второто продолжение на филмот – Incredibles 2 – кое е исто забавно како и првиот филм.

Avatar

Avatar е магичен спој на научна фантастика и фантазија, а ќе им се допадне и на оние кои ги мразат овие жанрови.

Дејството е сместено на природниот сателит Пандора каде што луѓето се обидуваат да се доближат до вонземјаните што живеат таму.

Со помош на технологија која му овозможува да ја префрли својата свест во телото на вонземјанин, главниот лик треба да одлучи дали ќе ги следи наредбите на луѓето или ќе проба да ја спаси Пандора.

Во 2022 година излезе и второто продолжение на филмот и уште во првиот месец по премиерата, ги сруши сите рекорди со гледаност и заработувачка.

World War Z

Одлична акција со Бред Пит во главната улога, чие дејство е сместено во пандемија со зомби.

Главниот лик е поранешен вработен во ОН кој пробува да најде начин да ја запре пандемијата.

Minority Report

Во режија на Стивен Спилберг и со Том Круз во главната улога, Minority Report раскажува мошне уникатна приказна.

Дејството е сместено во иднината, кога полицијата има технологија со која може да види во иднината кога ќе се случи некое криминално дело.

Главниот лик, кој самиот работи во полицијата, одеднаш добива извештај дека тој ќе изврши криминално дело во иднината.

300

300 e историски акционен филм кој додава доза фантазија на познатата битка помеѓу Спартанците и Персијците.

Дејството на филмот е сместено во 480 година п.н.е., во период кога 300 спартански војници се соочуваат со огромната армија на Персијците.

Иако, нормално, вистинската битка била многу поразлична и Спартанците имале помош, филмот е уникатно искуство со одлични специјални ефекти.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg