10 напнати филмови кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај
The Batman
Најновиот филм за Бетмен со Роберт Патинсон во главната улога за многумина е и најдобар.
Дејството е сместено во мрачниот Готам, каде што Бетмен е на мисија да ја истражи корупцијата во градот, но и улогата на неговото семејство во истата.
Во овој мрачен филм, конечно имаме можност да ја видиме детективската страна на Бетмен.
Dunkrik
Воената драма на Кристофер Нолан се фокусира на драматична мисија од Втората светска војна.
Во 1940 година, бројни британски и француски војници се опкружени од германската војска во француски крајбрежен град. Филмот ја прикажува мисијата за нивната евакуација.
10 Cloverfield Lane
Главниот лик е Мишел, жена која доживува сообраќајна несреќа, по што се буди во бункерот на непознат маж.
Мажот ѝ помага со повредите, но ја држи заробена во бункерот, со изговор дека Земјата е нападната од вонземјани и надворешниот воздух е токсичен.
До самиот крај на филмот, нема да бидете сигурни на кого да верувате.
Nightcrawler
Главниот лик е Луи, маж кој почнува да снима места каде што се случиле несреќи, како убиства и сообраќајки, а снимките да ги продава на локални медиуми.
Но, сакајќи да ја направи совршената снимка, Луи почнува да преминува многу граници.
Главната улога му припаѓа Џејк Гиленхал.
Argo
Филмот е инспириран од вистински настан, а главната улога му припаѓа на Бен Афлек.
Дејството е сместено во 1979 година, кога шест Американци се заложници во Иран.
Агент на ЦИА пробува да ги врати во САД, со тоа што предлага да се преправаат дека се дел од филмска екипа од Канада која работи на филм насловен Argo.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





