10 напнати филмови кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај
The Hateful Eight е како долга напната сцена која нема да ви дозволи да го тргнете погледот од екранот, додека Uncut Gems ќе направи да се почувствувате како во најстресната ситуација од животот.
За повеќето луѓе, напнатите трилери се најзабавни за гледање бидејќи успеваат да го задржат вниманието до самиот крај.
Неретко во овие филмови има и неочекувани пресврти кои целосно ја менуваат перспективата за ликовите и дејството.
10 напнати филмови кои ќе ве држат во неизвесност:
The Hateful Eight
Целиот филм на Квентин Тарантино е како долга напната сцена и нема да ви дозволи ни за миг да го тргнете погледот од екранот.
Еден од главните ликови е маж кој фатил криминалец за кого се нудат пари, и е на пат да ја подигне својата награда.
Но, поради снежна бура, тој и криминалецот се присилени да се засолнат во дрвена колиба во која веќе има неколку луѓе со сомнително минато.
Gone Girl
Gone Girl e одличен трилер со Бен Афлек во главната улога.
Снимен според истоимената книга, дејството на филмот се фокусира на мистериозното исчезнување на Ејми.
Нејзиниот сопруг станува главниот осомничен во очите на јавноста, но по сè изгледа дека и самата Ејми не е потполно невина во целата ситуација.
Uncut Gems
Вистинска реткост е да го видиме Адам Сендлер во сериозна улога, а во Uncut Gems завршува одлична работа.
Сендлер глуми маж кој продава скапоцени камења и накит, но поради неговата зависност од коцкање, на раб е да изгуби сè.
Обидувајќи се да се извлече од проблемите, тој прави уште еден, досега најризичен облог.
A Quet Place
Уникатен постапокалиптичен филм кој дефинитивно ќе ви предизвика анксиозност.
Дејството на филмот е сместено по инвазија на вонземјани со многу изострен слух, кои го убиле речиси целото човештво.
Главните ликови се четворица членови на семејство кои не смеат да направат никаков звук доколку сакаат да преживеат.
Филмот има и второ продолжение – A Quiet Place Part II.
The Killing of a Sacred Deer
Главниот лик (Колин Фарел) е кардиохирург кој се зближува со тинејџер чиј татко умрел за време на операција.
Иако на почетокот изгледа како тинејџерот само да сака татковска фигура во својот живот, набрзо станува јасно дека неговите вистински намери се далеку позлобни.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





