Забавни факти за бразилската сапуница „Клон“
Знаевте ли дека актерите постојано биле под лекарски надзор додека снимале во Мароко бидејќи секогаш постоел ризик да дехидрираат? Лекарот исто така им помагал и да се адаптираат на мароканската кујна во која има многу зачини.
Бразилската серија „Клон“ своевремено ги надминуваше и мексиканските сапуници кои беа хит кај нас.
Уникатната приказна за Жаде и Лукас, клонот Лео и другите ликови ни ја доближи културата на муслиманите како никогаш претходно и нè натера да се вљубиме во сончевиот Мароко.
Неколку забавни факти со кои ќе ве потсетиме на серијата, повеќе од 20 години по нејзината премиера:
Креаторката и сценаристка на серијата, Глорија Перез, била инспирирана од вистинската приказна за овцата Доли – првиот клониран цицач во светот.
Пред да се одлучат за името „Клон“ (O Clone), креаторката и продуцентите размислувале за имињата „Втора шанса“ или „Нов почеток“.
Адриана Леса, актерката која ја глуми Деуза, сурогат мајката на Лео, е професионална танчарка и пејачка.
-->
-->
Бидејќи ликовите се прикажани во разни периоди од нивните животи, режисерите морале да бидат креативни. За да изгледаат помладо во сцените од младоста, користеле самолеплива трака која има ефект на брз фејслифтинг.
-->
Една од мејкап артистките кои работеле на серијата е Лин Барбер – Американка која има освоено Оскар за најдобра шминка за филмот Driving Miss Daisy.
Сцените во Египет се направени со помош на специјални ефекти бидејќи египетските власти не дозволувале да се снима во нивната држава.
Продолжува на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:

Актери кои си ги загрозиле здравјето и животот со костимите во нивните филмови
Кејт Винслет речиси ќе загинела на снимањето на Titanic кога нејзиното палто се ...

Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г...
Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...

Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови
Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...

Серијата „Сабја“ е посветена на атентатот врз Ѓинѓиќ од 2003-та година: „Не сакавме да го прикажеме ...
„Не сакавме да зборуваме за некој спасител. Еден дел од Србија го идеализира Зор...

Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата?
Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...

Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...
„Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...