3 книги кои треба да ги прочитате во јуни, ако досега сте ги пропуштиле

Книгите се единственото нешто кое никогаш во животот нема да ви биде здодевно, токму поради нивната моќ да ве одведат во еден сосема поинаков свет кој на моменти нема апсолутно никаква поврзаност со оној во кој живеете...

Predlog-knigi-za-mesec-juni-01

Ненаметливиот и суптилен начин на кој една книга ќе ве натера да останете заковани на столчето или креветот е нешто кое не може да го постигне ниту еден друг предмет.

Токму затоа ние ви подготвивме три нови наслови кои вреди да се прочитаат:

1. „Ножот на Аврам“ – Отар М. Нордфјорд

Познат и како „исландскиот Ден Браун“ овој автор чии дела вклучуваат осум романи, пет книги со поезија, два политички стрипа и биографија која станува најпродавана книга во Исланд, ќе ве маѓепса со својот трилер кој критичарите го оценуваат како „бескрупулозен, брз и крајно возбудлив“, исполнет со „нешта што ќе го разнишаат светот во кој живееме“.

Приказната започнува кога Џејмс Донели, ирски писател, добива мистериозна разгледница од својот неодамна починат пријател, на која е испишан енигматичен текст за кој ќе се утврди дека е пророштво од Нострадамус.

Потрагата по вистината ќе го одведе Донели и неговиот асистент во хаотична бркотница низ њујоршките улици, откривајќи тајна која не само што ќе ја натера и ЦИА да се вклучи во потрагата, туку тајна која има толку голема моќ што може целосно да го промени начинот на кој луѓето гледаат кон верата.

predlog-knigi-za-mesec-juni-205.jpg

2. „Захир“ – Пауло Коелјо

Колку далеку можеме да одиме кога е во прашање љубовта? Колку во овој современ свет, обземени од сопствените животи, сме способни вистински да се посветиме некому, да ги изодиме вкрстените патишта и навистина да го споделиме животот со некого?

Одговорот на прашањето се обидува да го најде и самиот автор кој преку ликот на раскажувачот тргнува низ светот во потрага по својата исчезната жена, Естер.

Уживајќи во сите привилегии кои ги носат парите и славата, нараторот заборава на жената која му ја дала целата своја љубов. Потрагата по неа всушност претставува потрага по себеси, по сопствените изгубени вредности.

Книга која ќе ве маѓепса и ќе ве натера да размислите добро за животот и луѓето кои ве сакаат повеќе од себеси.

predlog-knigi-za-mesec-juni-03.jpg

3. „Папокот на светот“ – Венко Андоновски

„Нема голема уметност без контакт со Едното и Неделивото, Семожното и Возвишеното. Јас така не само што мислам, туку така и чувствувам“.

Романот е составен од два дела „Клучалница“ и „Исход“ кој на извонреден начин си поигрува со нашата перцепција за времето.

Посебниот стил на пишување на Андоновски преку кој книгата ни ја раскажуваат повеќе наратори, Сказникот од деветтиот век кој се бори со догмите на црквата и што е праведно а што не, младиот Јан Лудвиг од 20-от век кој исто така се бара себеси во хаосот на модерното време, и самиот автор, претставен во ликот на сметководителот кој одвреме-навреме се вмешува во приказните раскажувајќи ја својата сопствена приказна.

Книга која претставува неисцрпен извор на уникатни афоризми, употреба на неверојатни компарации и непредвидливи метафори и перфектна камуфлажа на изведени поенти.

predlog-knigi-za-mesec-juni-105.jpeg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 кратки класични романи (што секој интелектуалец треба да ги прочита) Сакате да читате класици, но ве фаќа уплав од големите и обемни дела на познатит...
Амела Мемиш Апостоловска: „Аутизмот кај мојот син е инспирација за книгата 'Гласот на тишината'" На 06.11.2023 во Аросто кафе Скопје се одржа промоција на книга, промотор на кни...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 одлични романи за на плажа (наменети за романтични души) Сонце, вода и добра книга. Ви препорачуваме 3 одлични изданија, што можете да ги...
Три морничави трилери, за љубителите на хорор приказни Двајца инспектори кои сосема случајно ќе бидат вовлечени во мистериозни случаи, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg