3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите

Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешки четива, што ни носат сериозни животни вистини…

3-romantichni-knigi-za-denovite-koga-sakate-da-se-opushtite-01.jpg

Овие три романи ќе ви се допаднат затоа што ќе ви дадат можност да се опуштите од секојдневието, да побегнете од реалноста и барем на неколку часа да уживате во некој друг свет и друг живот.

Кои три нови книги ви ги препорачуваме?

„Ривалите“ – Вај Киленд

Станува збор за уште едно четиво на авторката во која непријателите стануваат љубовници, но според оние што ја прочитале, ова е можеби најдобриот нејзин роман.

Непријателството меѓу Вестон Локвуд и Софија Стерлинг започнува пред олтар, но не за време на нивната свадба, туку за време на настан што се случил неколку децении претходно.

Нивните дедовци биле најдобри пријатели и бизнис партнери, сè додека невестата на дедото на Софија не го оставила пред олтар и јавно признала дека е вљубена во дедото на Вестон.

Двете семејства се завојувани лути ривали и двајцата главни јунаци во романот ја следат оваа традиција, сè до денот кога жената која ја започнала кавгата во наследство нема да им остави хотел на двајцата мажи кои се бореле за нејзината наклонетост.

Одеднаш, Вестон и Софија се наоѓаат заробени во ист хотел, а треба да го расчистат хаосот што нивните семејства го добиле во наследство.

3-romantichni-knigi-za-denovite-koga-sakate-da-se-opushtite-02.jpg

„Скрши го мразот“ – Хана Грејс

Животната желба на Анастасија Ален е да добие можност да биде дел од олимпискиот лизгачки тим на САД.

Таа е пресреќна затоа што добила стипендија на престижен универзитет и добива место во нивниот тим за уметничко лизгање, но се чини дека има само еден мал проблем – капетанот на хокеј тимот, Нејт Хокинс.

Тие двајца се принудени да го делат рингот, иако Анастасија не може да го поднесе самобендисаниот хокеј играч. Или само така ѝ се чини…

Во моментот кога таа ќе биде принудена да ја побара неговата помош, дејствието почнува да се развива во сосема поинаква насока.

3-romantichni-knigi-za-denovite-koga-sakate-da-se-opushtite-03.jpg

„Фустанот и Светец“ – Колин Хувер

Две кратки приказни од познатата писателка на романтични романи.

Џесика 2 години е во врска со фитнес инструкторот Чејс таа очекува тој да ја побара за сопруга во секој миг.

За нивната годишнина планираат романтична вечера и Чејс ја изненадил својата девојка со нов фустан.

Но, проблемот е во тоа што фустанот што го добила е два броја помал.

За разлика од „Фустанот“, „Светец“ повеќе потсетува на трилер и се врзува за една писателка која оди во изолирана колиба за да пишува.

Но, проблемот со којшто се соочува е во тоа што таа треба да пишува за афера, а никогаш не го искусила тоа.

Таа ќе ја зграпчи можноста да го проживее неопходното искуство, но на крај ќе сфати дека секогаш непромислените дејствија имаат свои последици за коишто се каеме.

3-romantichni-knigi-za-denovite-koga-sakate-da-se-opushtite-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg