Солзи, љубовни стихови и ѕвездено небо за Владо Јаневски пред арената „Борис Трајковски“ - Фановите се простија од омилениот пејач

Зарем постои некој што не се заљубувал со песните на Владо, што не си го лекувал скршеното срце со неговите стихови, што не играл и скокал кога ќе слушнел некоја негова песна во диско? Големиот шармер си замина, но неговата музика ќе живее вечно - тоа го покажаа и вечерва сите негови фанови.

solzi-ljubovni-stihovi-i-dzvezdeno-nebo-za-vlado-janevski-pred-arenata-boris-trajkovski-fanovite-se-prostija-od-omileniot-pejach-01.jpg

Со минута молк и неговите најубави песни (а такви беа сите што ги испеа), фановите на Владо Јаневски вечерва се простуваат од својот омилен пејач.

vlado-janevski-02.jpg

Тука беа и голем дел од неговите колеги и пријатели - Силви и Влатко Плевнеш, Слаткар, Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски, Лара Иванова, Пајак, Валентино Скендеровски, Стево Чепишевски, Стефан Филиповски, но и Ѓорѓе Давид.

vlado-janevski-04.jpg

Сите тие дојдоа да запалат свеќа и да му оддадат последна почит на чаирскиот романтичар.

vlado-janevski-05.jpg

Владо, кој почина викендов, зад себе остави вистинско музичко богатство, па затоа многумина го нарекуваа „најголемиот македонски поет на 21-иот век“.

vlado-janevski-18.jpg

Неговиот глас, песните што допираа во срце, направија оваа вечер да биде и полна со болка.

vlado-janevski-22.jpg

Нашата тага што Владо си замина прерано од овој свет е голема, но секоја нова песна што ја слушавме ни измамуваше насмевки.

vlado-janevski-24.jpg

Си помислив - зарем постои некој што не се заљубувал со песните на Владо, што не си го лекувал скршеното срце со неговите стихови, што не играл и скокал кога ќе слушнел некоја негова песна во диско?

vlado-janevski-19.jpg

Големиот шармер си замина, но неговата музика ќе живее вечно.

vlado-janevski-16.jpg

Доказ за тоа беа стотиците грла кои вечерва пееја во еден глас, кои му направија ѕвездено небо, кои испишаа пораки посветени на Владо.

vlado-janevski-13.jpg

Пред арената „Борис Трајковски“ сите заедно тагувавме по омилениот пејач, но го славевме и неговиот живот, неговите песни.

vlado-janevski-09.jpg

Солзите се измешаа со љубовните стихови, како последно збогум за Владо од публиката која го обожаваше.

Повеќе фотографии на следната страница...



Најчитани неделава