Што се случува со мозокот кога работи со „полна пареа“?

Мозокот е навистина сложена мрежа која не престанува да ги изненадува оние кои се занимаваат со негово проучување.

shto-se-sluchuva-so-mozokot-koga-raboti-so-polna-parea-01.jpg

На Универзитетот во Лондон во последниве години развиле нов начин на снимање и скенирање на мозочната активност, во време кога личноста извршува комплицирани задачи.

Со ова, всушност се докажува дека еден од најпопуларните митови, дека користиме само 10% од својот мозочен капацитет, е сосема погрешен.

Благодарение на снимките, може да се заклучи дека мозочните клетки се целосно активирани кога сме посветени на наоѓање решение за некоја комплицирана задача.

shto-se-sluchuva-so-mozokot-koga-raboti-so-polna-parea-02.jpg

При снимањето и мерењето со помош на функционалната блиска инфрацрвена спектроскопија на група испитаници, констатирано било дека решавањето на лесните проблеми барало помала мозочна активност.

Експериментот вклучувал набљудување одредени бои и форми на екран и во даден момент на периферијата на екранот се појавува коцка. Кај попростите форми, испитаниците лесно ја забележувале коцката, но кога требало да испроцесираат посложена форма, кај многу од нив периферната перцепција била практично непостоечка.

shto-se-sluchuva-so-mozokot-koga-raboti-so-polna-parea-03.jpg

Со ова, дошле до заклучок дека кога мозокот е посветен на комплицирана и тешка задача, тој се активира максимално и се посветува на проблемот, без да ги перципира дразбите од страна.

Исто така, уште повеќе се потврдува сознанието дека извршувањето повеќе задачи наеднаш, популарно наречено мултитаск, може да има негативно влијание врз крајниот резултат.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...

Најчитани неделава