7 години успех: Приказната на Bro's Burger Station што ја освои Македонија!
- Детали
- петок, 16 мај 2025
Седум години страст, труд и љубов кон добриот вкус! Приказната на Bro's Burger Station започна скромно, како визија на двајца браќа од Охрид, Филип и Бојан Стојковски. Денес, со голема гордост го слават нивниот 7-ми роденден, одбележувајќи не само седум години успешна работа, туку и неколку признанија за нивната вредна работа.

Признание за најиновативни бургери во Македонија, благодарение на нивната посветеност да создадат уникатни вкусови:

- Први го создадовмe македонскиот бургер, инспириран од автентичните локални состојки - ајвар, овчо сирење и охридско макало од лук (2019 година);
- Ја воведовме ексклузивната понуда на трафл бургер со свежи локални тартуфи, како и модерна комбинација на бургери со сино сирење и слатко од вишни (2020 година);
- Донесовме автентични вкусови со бургери од диво месо, Black Angus и Chianina.
- Специјалитети инспирирани од македонската винска традиција преку нашите вино бургери и зреен кашкавал во вино, и уште многу други иновативни креации што ја креираа нашата препознатлива приказна.

„Нашите креации ја освоија љубовта на гурманите, а бројни реномирани портали и списанија ја раскажаа нашата приказна, препознавајќи ја уникатноста, креативноста и страста што ја вложуваме во секој бургер. Секој производ што го создадовме во Bro's Burger Station е резултат на внимателно истражување на вкусови, комбинации и техники – од класични рецепти до смели фузии со локални македонски елементи. Нашето мени постојано се развива и инспирира, оставајќи впечаток кај љубителите на добриот залак. Голема благодарност до сите наши гости, пријатели и вработени кои ни укажаа доверба и ни беа поддршка во секој чекор. Вашата верност и љубов се нашата најголема награда.“ - вели Бојан Стојковски, еден од основачите на Bro's Burger Station.



Овој 7-ми роденден е само почеток на ново, уште повозбудливо поглавје. Со нови идеи, уште повеќе креативност и неизменета страст кон квалитетот, Bro's Burger Station продолжува да ја поставува новата дефиниција за бургер културата во Македонија.
Ви благодариме што сте дел од нашето семејство!
Следете ги сите новости од Bro's Burger Station на Фејсбук и Инстаграм.
#7годиниBro'sBurgerStation #НајиновативниБургери #БургерЉубов #МакедонскиБургер #ТартуфБургер #BlackAngus #Chianina #WineBurger