Која е летната рутина за нега на водителката Татјана Стојановска!
- Детали
- четврток, 02 јули 2026
Пристигна летото, а со него и високите температури, време кога заштитата на кожата станува многу важна. Без разлика дали сте на прошетка, на утринско кафе или во движење кон работа кремот со заштитен фактор треба да биде задолжителен дел од секојдневната рутина.

Татјана Стојановска, една од нашите највпечатливи водителки, препознатлива по својата убавина, стил и негуван изглед, ни ја откри нејзината рутина во текот на овие топли денови.
Внесувањето многу вода, користење на лесна гардероба, избегнување на најпотлите периоди од денот, но и постојана заштита на лицето со соодветна крема со СПФ фактор е нешто што е дел од секој мој летен ден.
Во ташната обавезно носам едно чише со вода, и пијам млака вода, не ладна, а исто така неминовен дел е и Eucerin Hyaluron- Filler+ Elasticity SPF 50. Станува збор за ултралесен дневен крем со заштитен фактор, создаден за зрела кожа. Формулата помага во намалување на пигментација додека истовремено обезбедува ефикасна заштита од штетното влијание на УВА и УВБ зраците, а благодарение на лесната текстура брзо се впива и не остава чувство на тежина, вели таа.
А токму летото е најдобриот потсетник дека неколку минути посветени на негата денес, можат да направат голема разлика за изгледот и здравјето на кожата во иднина.
@user4600461287853 @eucerinmacedonia
♬ original sound - Татјана Стојановска