Натали Портман и уште 9 холивудски ѕвезди кои се истакнуваат со интелигенцијата

Натали Портман има магистрирано на Харвард, во Ерусалим студираше хебрејски јазик, а има издадено и два научни труда. Кои други познати личности се истакнуваат со интелигенцијата (и образованието)?

natali-portman-i-ushte-9-najpametni-dzvezdi-vo-holivud-01.jpg

Иако имаат професии што им носат милионски заработки, многу познати личности завршиле факултет.

Постојат и оние кои сепак се откажале од студиите за професијата во забавната индустрија, но претходно се истакнувале со своето знаење над другите студенти.

Дел од најпаметните холивудски ѕвезди:

Ема Вотсон

Ѕвездата од серијалот „Хари Потер“ студираше англиска литература на Оксфорд, а подоцна магистрира на Универзитетот Brown.

Таа e амбасадор на Обединетите Нации и активно се бори за женските права.

natali-portman-i-ushte-9-najpametni-dzvezdi-vo-holivud-02.jpg

Џина Дејвис

Оскаровката дипломира на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот во Бостон.

Истовремено, таа е и член на Менса, а има коефициент на интелигенција повисок од 98% од глобалното население.

natali-portman-i-ushte-9-najpametni-dzvezdi-vo-holivud-03.jpg

Синди Крафорд

Синди Крафорд била стипендист на Универзитетот Northwestern каде што студирала хемиско инженерство.

Сепак, реши да се откажe од студиите откако нејзината кариера тргна во нагорна линија.

natali-portman-i-ushte-9-najpametni-dzvezdi-vo-holivud-04.jpg

Минди Калинг

Најпрво Минди студираше латински јазик, но потоа се премисли и дипломира на Факултет за драмски уметности.

Таа има освоено престижна награда за сценарио, има напишано неколку книги, а во студентските денови цртала стрип за универзитетски весник.

natali-portman-i-ushte-9-najpametni-dzvezdi-vo-holivud-05.jpg

Натали Портман

Натали Портман има магистрирано на Харвард, а на Универзитетот во Ерусалим го изучуваше хебрејскиот јазик.

Актерката се истакнувала над колегите во Харвард, а има напишано и два научни труда кои се објавени.

natali-portman-i-ushte-9-najpametni-dzvezdi-vo-holivud-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...
Првпат посегнала по животот кога ѝ ја одзеле ќерката, смртта на синот ја „дотолчи“ – Тажниот живот н... За првпат посегнала по својот живот кога сакале да ѝ ја одземат ќерката во 1999-...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Џастин Тимберлејк не ѝ бил прв дечко, со Колин Фарел сексот бил како „борење“ – Нови скандалозни при... Првиот брак ѝ траеше само 55 часа, а се омажила затоа што била пијана и ѝ било з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg