Фејсбук, Твитер и Гугл + низ бројки

facebook-twitter-i-google-1-niz-brojki-povekjeТрите најактуелни социјални мрежи – Google +, Twitter и Facebook, постојано го зголемуваа бројот на корисниците. Која од овие три мрежи ќе биде...


...на тронот во иднина?

Натпреварот сигурно ќе биде жесток, а еве како изгледаат во моментов низ бројки:

  • 10 милиони – бројот на корисници кои Google + ги имаше во јули годинава
  • 50 милиони – бројот на корисници кои Google + ги има во моментов според неслужбениот статистичар Пол Ален
  • 88 – Бројот на денови кои му беа потребни на Google+ за да ја достигне оваа бројка на корисниви.
  • 1096 – број на денови кои му беа потребни на Facebook за да достигне 50 милиони корисници
  • 1046 – Борј на денови кои му беа потребни на денес речиси згаснатиот MySpace да го достигне истиот број на корисници
  • 2 милиони – просечен број на корисници кои секојдневно се приклучуваат на Google+, тврди Ален. Google+ не го занемарува фактот дека Facebook деновиве заради промените, ги збунува корисниците кои се помалку и помалку го посетуваат.
  • 1269 – Процентот на пораст на Google+ меѓу 17 и 24 септември. Напомена - Google+ стана достапен за сите на средината на оваа недела, на 20 септември.
  • 15 милиони – Бројот на посети на Google+ минатата недела, што го доведе на 8 место на најпосетувани друштвени мрежи таа недела
  • 54 – рангот на Google+ според посетеноста една недела претходно
  • 33 милиони – бројот на неделни посети кои ги остварува Твитер, што го става на 3 место
  • 530 милиони – бројот на посетители кои неделно ги привлекува YouTube, што го става на 2 место на друштвени страници.
  • 1,8 милијарди – бројот на неделни посети на апсолутниот владетел на друштвените мрежи – Facebook
  • 800 милиони – Бројот на луѓе кои имаат профил на Facebook. Дури и кога Google+ секојдневно би добивал милион нови корисници (што би било астрономски пораст за друштвената мрежа) би му требале 2 години за да го достигне Facebook.

Би можело да ве интересира:

Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...

Најчитани неделава