За моќни и храбри жени: 10 најпопуларни парфеми за оваа есен

Кога температурите се снижуваат, време е да ги промените светлите мириси кои ве потсетуваат на летото и летните, сончеви денови. Одлучете се за некои посилни мириси како оние со комбинација на мошус и сандалово дрво. 

10-najbarani-parfemi-za-ovaa-esen-vo-cosmo-01.jpg

Кои се 10-те најпопуларни женски парфеми за оваа есен во COSMO дрогериите?

1. ARMANI MY WAY.

Мирис за љубопитни и автентични жени од внимателно избрани состојки. Од Армани го опишуваат како светла цветна миризба со ноти на јасмин, цвет од портокал и топла ванила.

10-najbarani-parfemi-za-ovaa-esen-vo-cosmo01.jpg

2. ROCHAS BYZANCE.

Инспириран од магичните ноќи во градот на светлината – Париз. Волшебен парфем за сензуални и елегантни жени. Совршена композиција од ноти на роза, фрезија и хелиотроп, поставени на топла база од ванила и мошус.

10-najbarani-parfemi-za-ovaa-esen-vo-cosmo09.jpg

3. GUERLAIN MON GUERLAIN BLOOM OF ROSE.

За жени кои сакаат да го живеат животот во потполност и да уживаат во секој момент. Совршена цветна, весела, свежа и овошна композиција. Јадрото на парфемот е доследно на оригиналот – ноти на лаванда, јасмин, ванила од Тахити и сандаловина.

10-najbarani-parfemi-za-ovaa-esen-vo-cosmo04.jpg

4. YVSL LIBRE.

Наменет за силни, храбри и слободни жени кои експериментираат со својата слобода. Карактеристична арома со огромна моќ за заведување – горни ноти на мандарина, лаванда и црна рибизла. Во јадрото доминираат јасмин и цвет од портокал. Парфемот е навистина привлечен за сечиј вкус.

10-najbarani-parfemi-za-ovaa-esen-vo-cosmo02.jpg

5. TOM FORD TOBACO VANILA.

Раскошен и топол мирис за модерни жени кои сакаат да остават прв впечаток. Комбинација од лисја од тутун, ароматизирани зачини, ванила и какао.

10-najbarani-parfemi-za-ovaa-esen-vo-cosmo10.jpg

6. MONT BLANC SIGNATURЕ.

Парфем за жени кои сакаат да се истакнат и стојат зад својата приказна. Ориентално – цветен и мошусен мирис. Елегантен и чист со сензуална страна благодарение на ванилата.

10-najbarani-parfemi-za-ovaa-esen-vo-cosmo07.jpg

7. CAROLINA HERRERA GOOD GIRL.

Мирис за самоуверени и модерни жени. Мистериозни и длабоки ноти од тонка и какао во комбинација со тубероза и бел јасмин.

10-najbarani-parfemi-za-ovaa-esen-vo-cosmo03.jpg

8. LANCOME LA VIE EST BELLE.

Парфем кој ги освои женските срца низ целиот свет. Сензуален и неодолив мирис на магнолија.

10-najbarani-parfemi-za-ovaa-esen-vo-cosmo06.jpg

9. NARCISO RODRIGUEZ PURE MUSC.

Мирис кој предизвикува позитивна „зависност“. Горната нота е мошус, средната нота е цветна. Наменет за жени кои сакаат нови предизвици.

10-najbarani-parfemi-za-ovaa-esen-vo-cosmo08.jpg

10. JEAN PAUL GAULTIER SCANDAL.

Мирис на искушението, забавата, задоволството. Ориентално цветни ноти комбинирани со мед и цитруси, средни ноти се тубероза и јатаманси и база – мов, пачули и сандалово дрво.

10-najbarani-parfemi-za-ovaa-esen-vo-cosmo05.jpg

Сите 10 парфеми може да ги најдете во продажните места на дрогериите COSMO.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg