Психолошки тест: Изберете кафез и дознајте што ве спречува да бидете слободни

Отворен кафез
Вашиот страв е страв од слобода. На прв поглед ова звучи необично. Може ли некој да се плаши од слободата? Може.
Слободата значи донесување сопствени одлуки и преземање одговорност за нивните последици. Затоа многу луѓе остануваат во „познати ситуации“, дури и кога веќе не се среќни.
Можеби длабоко во себе се плашите од моментот кога ќе мора да го изберете својот пат, без туѓо водство или гаранција дека ќе донесете правилна одлука.
Често ги одложувате важните одлуки, собирате дополнителни информации или чекате „вистински момент“ за да промените нешто.
Запрашајте се „Што би направиле денес ако бевте сигурни дека не можете да направите ништо погрешно?“
Затворен кафез
Вашиот страв е страв од промени. Ви се допаѓа стабилноста и предвидливоста. Важно е да знаете што ве чека и на што можете да се потпрете.
Но, и позитивните промени понекогаш можат да делуваат како закана за воспоставениот начин на живот, а вие да останете во ситуации кои повеќе не ви се допаѓаат, но едноставно ви се познати и нема да ви донесат нов стрес.
Вам ви треба повеќе време да прифатите нови работи, внимателно да размислите за секоја одлука, па често ги одложувате промените. Но, не размислувајте за целата промена одеднаш, туку фокусирајте се само на следниот чекор.
Златен кафез
Вашиот страв е страв од излегување од вашата зона на удобност. Вие самите знаете како да си создадете чувство на сигурност и стабилност и тоа ви е голема предност.
Но, понекогаш удобноста може да стане пречка. Можеби пропуштате интересни можности, не затоа што не се добри, туку затоа што бараат да излезете од вашата зона на комфор.
Најчесто избирате докажани патеки на движење, познати луѓе и безбедни решенија, дури и кога посакувате нешто повеќе.
Обидете се да не ја перцепирате непријатноста што ја чувствувате како закана, туку како можност за личен раст.
Празен кафез
Вашиот страв е страв од осаменост. Односите со луѓето ви се многу важни - ја цените блискоста, разбирањето и чувството на припадност.
Затоа помислата дека ќе изгубите поддршка или важни врски може да ве исплаши повеќе отколку што сте спремни да признаете.
Понекогаш токму овој страв ве тера да се справувате со ситуации што не ви се допаѓаат или да се прилагодувате на другите повеќе отколку што би сакале.
Знајте дека осаменоста и независноста не се исто.
Скршен кафез
Вашиот страв е страв од напуштање на улогата на која другите се навикнати.
Овој страв често останува незабележан. Можеби околината долго време ве гледала како силна личност, грижлив пријател, сигурен колега или некој што е секогаш подготвен да помогне.
Сепак, секоја улога може да стане ограничување со текот на времето. Можеби сакате да се промените, да пробате нешто ново или да покажете друга страна од вашата личност, но во исто време сте загрижени како ќе реагираат другите.
Дозволете си да бидете поинакви од сликата што другите ја имаат за вас.
И запрашајте се какви промен би направиле кај себе ако никој никогаш не би ве осудил за тоа.
А. Ј. | Црнобело