Секси слатки за секој хороскопски знак

Освен што се разликуваме карактерно, хороскопските знаци сакаат и различни десерти. Познато е дека патот до срцето на саканата личност најчесто води и преку стомакот, па одредени припадници на зодијакот можете да ги заведете и со секси слатки кои ќе ја разбудат страста.

seksi-slatki-za-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Овен

Овните имаат многу специфичен вкус, а обожаваат разни кисели колачи од лимон, ролати од малина, но нема да одолеат ниту на чоколадна торта. Сакаат мус со слатка павлака или шлаг, но почесто се одлучуваат за десерт од свежо овошје со сливи, цреши и вишни, во егзотична комбинација со мед или јогурт.


Бик

Најмногу уживаат во старата традиционална чоколадна торта послужена со парче сладолед од ванила или шлаг. Можете да ги освоите и со чоколаден пудинг, ледени коцки, овошна пита. Кога сакаат да го покажат својот хедонизам во полн сјај, во ресторан нарачуваат фламбирани банани, а покрај нив слободно и вие каснете висококалоричен десерт.


Близнаци

Најмногу сакаат лесни десерти – чоколадни и овошни кремови прелиени со слатка павлака. Големи љубители се на минијатурни торти со шлаг, особено овошни од јагода и малина, но и на специјални сладоледи како оние со вкус на фстаци и лубеница. Авантуристи се и во животот и на масата, па сакаат да пробуваат и азиски сладоледи со ѓумбир, зелен чај или кокос.


Рак

Само нека има чоколадо. Сакаат тешки торти и колачи, а добитна комбинација е шварцвалд торта затоа што ана едно место има се што сакаат – овошје и крем од сирење и тон чоколадо. Не одбиваат ниту обични колачи. Кај раковите би прошле и со добро наполнет кроасан со крем.

seksi-slatki-za-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg


Лав

Лавовите не пребираат кога се слатките во прашање. Се воодушевуваат ако им подготвите некој колач или торта со фил од карамел или прелив. Мирисна пита со ореви, цимет и јаболко им ја буди фантазијата, но подеднакво ги воодушевува и обичен сладолед од ванила прелиен со чоколадо, вишна и карамел. Во летните месеци уживаат во овошна салата со шлаг.


Девица

Ако на масата има чоколадо темно, млечно или бело, само Девица би го одбрала белото затоа што овој десерт е создаден за заведување на припадниците на овој воздушен знак. Немојте да им нудите тешки торти и колачи, повеќе сакаат чизкејк и овошни десерти со јогурт.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg