Секси слатки за секој хороскопски знак

Вага

Нежните Ваги сакаат лесни десерти. Нека имаат додаток – вкус на рум, но може и колачи со темно чоколадо и вкус на лимон. За специјални прилики може да ги изненадите со торта на база на темно пиво. Омилени чоколадни бомбони – Гриоте!


Скорпија

Огнените Скорпии сакаат било каков десерт кој се комбинира со вино. Омилени колачи им се бајадерите. Сакаат и чоколадни десерти збогатени со ликери и кафе. Полнето и темно чоколадо исто така им помагаат на Скорпиите во лачење ендорфин.


Стрелец

Родените во знакот на Стрелец сакаат необична и егзотична храна, како пржен сладолед, пудинг во ликер од ананас, вкусни чоколадни топчиња во прелив од ванила и малина... Со сласт би се насладиле со баклава или француски специјалитети.


Јарец

Едноставните Јарци сакаат убава чоколадна крофна или кроасан, пита со ореви, но полнета со чоколадо или банана и прелив од сладолед. Традиционалните десерти како обични бисквити во кои има јаболка или крем, исто така ги прават среќни припадниците на овој знак. Може и банана сплит.


Водолија

Сакаат сладоледи, јагоди и боровници во било која слатка комбинација. Принцес крофни, чоколади, овошје со шлаг – ова за нив е десерт кој се јаде на брзина. Подгответе им торта со марципан и многу многу шлаг, на база на овошки.


Риби

Повеќето Риби сакаат едноставни десерти од јагода и ванила или сладолед од чоколадо. Исто така се големи љубители на пити, особено со праски. Израдувајте ги со десерт од банана или ладна торта направена од јогурт и слатка павлака. Егзотично овошје како ананас, кокос, манго и киви или традиционална кутија со чоколатца во форма на срце – слатко изненадување за припадниците на овој знак.



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg