Што вели хороскопскиот знак за вашето здравје?


Што вели хороскопскиот знак за вашето здравје?

Освен што хороскопскиот знак ви го одредува карактерот, согласувањето со околината, тој делува и на изборот на занимање и партнер, а може и да ви укаже на слабостите и предностите кога вашето здравје е во прашање.

sto-veli-horoskopskiot-znak-za-vaseto-zdravje-01.jpg

Овен

Овните најчесто страдаат од главоболка, мигрена, несоница, а им се случува и да паднат во несвест. Припадниците на овој знак најлесно ќе се разболат ако нивниот живот е проткаен со монотонија, потоа со егзистенцијални проблеми и константно планирање на иднината, што неминовно лошо се одразува на нивниот нервен систем. Меѓутоа Овните се многу силни, па повеќето заболувања ќе ги поминат на нозе, не сфаќајќи дека со тоа си прават мечкина услуга. За да еден ден немаат проблем со хроничните заболувања им се советува да реагираат штом забележат и најмали знаци на исцрпеност, умор, болки или други проблеми.


Бик

Биковите често имаат проблем со дишните патишта, па страдаат од асма, бронхитис, чести воспаленија на грлото, а поради хедонистичкиот начин на живот склони се кон кардиоваскуларни заболувања, чир и слично. Колку се заљубени сами во себе толку го сакаат и животот, па затоа им  е тешко да се придржуваат кон било каков режим на исхрана, вежби или терапија, што може да им донесе проблеми на здравствен план. Не поднесуваат да бидат болни и да лежат во кревет и често негираат дека имаат некој здравствен проблем. Падот на имунитетот кој е предизвикан со големи напори и стрес се честа причина за заболувања кај овој знак.


Близнаци

Знакот Близнаци најчесто има проблеми со горниот дел од телото, коскениот систем на рамењата, рацете и со заболувања на нервниот систем. Често ги мачи упорна кашлица, асма, фрактура на коски или некое психичко заболување. „Ги убива“ самотијата, несфатеноста, лимитираноста на средината во која се наоѓаат, што често пати создава притисок кој подоцна се одразува и на нивната здравствена слика. Близнаците спаѓаат во тешки пациенти затоа што мислат дека можат да оздрават веднаш по земањето на таблетата, ги занемаруваат симптомите на болеста, им се случува да заборават да земат терапија  во определениот временски период, или пак да ја прекинат кога тие сметаат дека доволно заздравиле.


Рак

Што се однесува до Раковите нив ги мачи дигестивниот тракт, а може да имаат и проблеми со видот. Лошото варење, чир и предиспозиција за труење со храна се нивните главни маки кога е здравјето во прашање. Спаѓаат во редот на многу емотивни луѓе што често негативно се одразува на нивното здравје, а нервозата ја држат потисната во себе, па наместо нив се нервира нивниот желудник. Класичната медицина нема многу да им помогне ако не се опкружени со луѓе што ги сакаат и кои се грижат за нив. Умеат по малку да се однесуваат како хипохондрици, па штом кивнат трчаат на лекар, за кој ќе се испостави дека е нивни семеен лекар барем две генерации наназад.


Лав

Болките што ги мачат Лавовите се поврзани со 'рбетот, видот, но и со крдиоваскуларниот систем, па најчесто се жалат на проблеми со очите и болки во 'рбетот. Припадниците на овој знак се навикнати многу да работат и да се трошат, па немаат многу време да се грижат за себе и за своето здравје што може скапо д аги чини ако подолго време ги запоставуваат симптомите. Освен тоа, одењето на лекар за нив преставува знак на слабост, па мораат да ги надминат прво проблемите на суетата, освен оние со пренатрупаниот работен распоред. Губењето на работата, член на семејството или некој друг стрес кој делува на нивното его може да доведе до заболување кај инаку гордите Лавови.


Девица

Педантните Девици ги мачат проблеми со дигестивните органи и абдоменот, па најчесто страдаат од грчеви, запек, како и заболувања поврзани со црниот дроб и жолчката, а можат да се јави и камен во бубрег и во жолчка. Меѓутоа она што ги издвојува од другите знаци е тоа што се редовни кога се во прашање контролните прегледи, а на најмал сигнал дека нешто во нивниот организам не функционира како што треба одат на лекар по совет. Тие се примерни пациенти и доследно го следат упатството на лекарот, а често и самите повеќе се информираат за својата болест како преку консултации со лекарите така и преку литература. Подложни се на болести тогаш кога се чувствуваат бескорисно и неефикасно.

Останатите 6 знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стрелецот остава хаос во кујната и поплава во бањата – Иритантни особини кај секој од хороскопските ... Оставањето неред зад себе, несмасноста или доцнењето, иако навидум се мали нешта...
Лавот има големо его, но и голем страв што мислат другите за него – Помалку познати факти за знаците... Астрологијата носи одредени стереотипи за знаците кои веќе сме ги прочитале мног...
Што предизвикува страв од љубовта кај секој хороскопски знак? Љубовта некогаш ги влече од луѓето нивните најголеми стравови, а некои пак, се с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg