Што вели хороскопскиот знак за вашето здравје?

 

Вага

Вагите би морале да обрнат повеќе внимание на долниот дел од 'рбетот, хормонскиот статус на целиот организам како и уринарниот тракт, а болестите кои најчесто се поврзани со припадниците на овој знак се лумбаго, цистит, проблеми со бубрезите и грчеви. Бидејќи тежнеат кон хармонија и не поднесуваат конфликти, многу нешта кријат во себе, што како последица има развој на психосоматски заболувања, па нивното лечење обично вклучува како помош од конвенционалната медицина така и совети од психолог или психотерапевт. Мана им е тоа што совет од лекар ќе послушаат само доколку таа личност им е симпатична и пријатна. Недостатокот на љубов понекогаш е главната причина за развој на болеста, бидејќи живеат за да сакаат и за да бидат сакани.


Скорпија

Скорпиите на прв поглед имаат силен имун систем, но всушност се подложни на заболувања на гениталниот и уринарниот тракт, а често ги мачи и варењето. Скорпиите се ноќна мора за лекарите, бидејќи како што се таинствени кон другите такви се и кога ќе отидат на лекар, често не ги објаснуваат сите симптоми. Меѓутоа имаат цврста воља што им помага да истраат кога оздравувањето е во прашање, па не се откажуваат додека не се почувствуваат потполно здрави. Нивното здравје и имуниот систем се загрозени кога ќе се соочат со некој голема загуба, или кога во нивниот живот нема мистерии и возбуда.


Стрелец

Припадниците на овој огнен знак, особено женските припаднички, често ги мачи борба со упорен целулит на колковите и задникот, а кога се во прашање сериозни заболувања склони се кон кршење коски и други повреди. Кога се болни главно се ослонуваат на својот вроден оптимизам дека наскоро ќе им биде подобро и ќе го пребродат заболувањето. Добро соработуваат со лекарите и ги слушаат нивните совети, па поради тоа им се советува внимателно да го одберат лекарот затоа што понекогаш премногу му веруваат. Кога ќе им се срушат идеалите, кога ќе доживеат да бидат издадени или измамени од блиска личност поподложни се на заболувања.


Јарец

Артритис, реума, честа појава на кариес, разни кожни заболувања како екцем е она што на здравствен план им задава најмногу грижи на Јарците. Сепак, ретко се болни, а и кога тоа ќе се случи не се жалат, туку тоа стоечки го поднесуваат. Бидејќи не сакаат да зависат од никого и од ништо, ќе се трудат својата терапија што побргу да ја завршат и како пациенти се послушни, но само затоа што сакаат што побргу да му се вратат на вообичаениот живот. Сакаат да чујат реална прогноза која им се соопштува со трезвен тон, бидејќи и самите сакаат да остават таков впечаток, иако во суштина се многу осетливи. 


Водолија

Водолиите имаат проблеми поврзани со циркулацијата или мускулното ткиво, ги мачат спортски повреди како и проширени вени. Тие се љубопитни пациенти, па сакаат подробно да им се објасни зошто се разболеле и на кој начин можат да оздрават. Доследно се придржуваат до терапијата, а единствен проблем е што забораваат да отидат на контрола, па често се случува болеста да се врати. Губењето независност, неизвесната ситуација на работа, љубовното разочарување, спаѓаат во стресови кои Водолиите многу често ќе ги осетат преку својот имунолошки систем.


Риби

Бактериските и вирусните инфекции се редовна појава за Рибите кои од сите знакови имаат можеби најосетлив имунолошки систем. Умеат да се занемарат како себе си така и своето здравје, што ги прави идеални пациенти, а бараат големо внимание од оние околу нив од кои и очекуваат нега. Нивните болести често се огледало на нивната несигурност и стравови што ги мачат. Рибите се склони да земаат и повеќе лекови отколку што им е потребно, па треба да обрнат внимание да ја испијат само онаа терапија која им ја препорачал лекарот. Имаат осетлива природа, а било какви ограничувања можат да доведат до појава на психосоматски заболувања. 



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg