Хороскопот открива што правите на Фејсбук

Нема сомнеж дека Фејсбук е секојдневие. Вашата мајка (и татко, брат, сестра, вујко, стрина, баба) најверојатно со вас одржуваат врска преку оваа социјална мрежа.

horoskopot-otkriva-sto-pravite-na-facebook-01.jpg

И верувале или не, начинот на кој го користите Фејсбук зависи од тоа кој знак сте во хороскопот.

Фејсбук според хороскопските знаци: Овен

Вашата фотографија на профил: Вашата фотографија на профилот ве покажува во најдоброто издание. Не е важно дали предводите група во џунгла, или трчате маратон, вашата фотографија покажува колку сте активни и веројатно го одразува она што во моментот ви е од интерес.

Апликации:
Веројатно сте членови на многу групи и имате активни апликации кои многу зборуваат за вас, бидејќи на тој начин ја исполнувате вашата желба да поделите дел од себе со другите.


Фејсбук според хороскопските знаци: Бик

Вашата фотографија на профил: Вашата фотографија демонстрира љубов кон физичките работи. Многу веројатно и кон природата. Како љубител на природата веројатно на профилната фотографија сте опкружени со дрва, море или планини.

Апликации:
Вие ја сакате природата, добрата закуска и парите. Вашите апликации се нешто од типот „Колку сте осамени?!“.


Фејсбук според хороскопските знаци: Близнаци

Вашата фотографија на профил: Навикнати сте на активен живот, толку активен што веројатно не сте имале време да поставите своја најнова фотографија. Ако имате слика на профилот големи се шансите да ве прикажува во разговор со други, или како на некој начин комуницирате со некого.

Апликации:
Сакате да знаете што се случува во вашето опкружување. Апликациите кои што ви одговараат се соседите, врсниците и слично.


Фејсбук според хороскопските знаци: Рак

Вашата фотографија на профил: Срамежливите Ракови веројатно на профилот имаат своја фотографија од детството, или од некој член од семејството кого најмногу го сакаат. Ако имаат некоја своја фотографија на неа веројатно се опкружени со членовите од семејството, или драги личности.

Апликации:
Раковите сакаат поучни апликации, Hug Me, или некои други кои ги изразуваат нивните чувства и расположение.


Фејсбук според хороскопските знаци: Лав

Вашата фотографија на профил: Вашата профилна фотографија ги покажува сите атрибути. На неа изгледате совршено. Не е реткост Лавовите да стават професионална фотографија на профилот.

Апликации:
Лавовите сакаат подароци, па апликацијата Gifts е создадена за нив, како и сите други апликации преку кои имаат можност да се покажат.


Фејсбук според хороскопските знаци: Девица

Вашата фотографија на профил: Вам ви требаше извесно време за да поставите фотографија на профилот, бидејќи сакавте тоа да биде онаа вистинската. Еднаш кога веќе сте ја одбрале на неа сте веројатно со вашето милениче, му помагате некому на работа....

Апликации:
Вие сте практичен знак, сакате едноставни апликации, особено зелени. Growing Gifts, нахрани ги миленичињата и слично.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Финансиски хороскоп за септември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Скорпија - До крајот на септември ќе успеете нешто да заштедите, но немате довол...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Финансиски хороскоп за август 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Некои Ракови ги очекува непланирана добивка, па со парите ќе ги платат заостанат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg