Хороскопот открива што правите на Фејсбук

Фејсбук според хороскопските знаци: Вага

Вашата фотографија на профил: Вам не ви треба многу за да пронајдете совршена фотографија за на профил. Сакате убавина и стил, па повеќето ваши фотографии можат да бидат и слики за на профил. Сепак, ако сте во врска на неа сте со партнерот, бидејќи каков би бил тој профил без вашиот сакан.

Апликации:
Не можете да се изнагледате убавина, мода и романтика, па вашите апликации се од типот „На која убавица личиш?“, „Кој лик си од бајките?“ и слично.


Фејсбук според хороскопските знаци: Скорпија

Вашата фотографија на профил: Поради вашата мистериозност и тежнеење кон приватноста, на профилната фотографија веројатно нема да може да ве препознаат. А ако сепак ставите фотографија таа ќе биде сексапилна, но најголеми се шансите дека тоа ќе биде дел од тело на кое не се гледа вашата глава, или ќе биде тешко да се препознае кој е на сликата.

Апликации:
Сакате динамика па ви одговара апликацијата Mafia Wars. Бидејќи сте директни, но и коректни, веројатно ќе ја активирате и апликацијата „Дали би спиел со мене?“.


Фејсбук според хороскопските знаци: Стрелец

Вашата фотографија на профил: На вашата фотографија може да се види вашиот авантуристички дух. Веројатно сте во некоја странска земја, или на пат кон некое возбудливо место на сликата од профилот.

Апликации:
Сакате да патувате па за вас се апликациите „Владејте со Карибите“, „Мозок што патува“ и слично.


Фејсбук според хороскопските знаци: Јарец

Вашата фотографија на профил: Вашата фотографија ве прикажува како одговорна личност. Веројатно гледате директно во камерата, без гримаси, или било какви пречки, со израз полн со самодоверба.

Апликации:
Важно е да знаете како некој ве доживува, па затоа ги сакате апликациите од типот „Спореди“. Сакате и да купувате па најчесто ги користите и таквите апликации.


Фејсбук според хороскопските знаци: Водолија

Вашата фотографија на профил: Никој не би се изненадил ако наместо фотографија на вашиот профил биде поставена графика, или некој слоган за кој во моментот се залагате. Во случај профилната слика да ве покажува вас, на неа најверојатно не сте сами, туку сте опкружени со семејството, или драги луѓе.

Апликации:
Веројатно ги користите оние апликации кои дополнително ве поврзуваат со пријателите, или се зачленувате во групи кои подржуваат некои хуманитарни цели.


Фејсбук според хороскопските знаци: Риби

Вашата фотографија на профил: Вашата профилна фотографија е многу креативна, а на неа можеби не може да се препознаете. Можеби наместо своја слика ќе поставите некој спиритуален симбол, или нешто слично.

Апликации:
Нема апликација која не ви се допаѓа, а најдраги ви се оние кои ве одвлекуваат од реалноста и водат во светот на фантазијата.



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Финансиски хороскоп за септември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Скорпија - До крајот на септември ќе успеете нешто да заштедите, но немате довол...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg