Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)?
Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е забава. Реална ситуација: Излегле накратко до парк - се враќаат после три часа.

Какви татковци се мажите гледано низ призмата на нивниот хороскопски знак? Односно, каков татко сте вие?
Секој знак носи различен стил на родителство - од енергични и авантуристички, до грижливи и аналитични татковци.
Каков татко сте, според хороскопот:
Овен
Енергичен татко.
Натпреварувачки дух и со децата. Играта станува спорт. Спортот станува натпревар.
Најчесто вели: „Ајде уште еднаш“.
Ова е татко кој ќе го повика детето да се тркаат до клупата.
Напомена: Знае понекогаш да реагира побрзо отколку што ќе размисли.
Бик
Стабилен и заштитнички настроен.
Сака удобност. Рутина. И добра храна.
Децата знаат дека кај тато секогаш има некоја грицка.
Дури и кога мама ќе каже дека нема повеќе слатки, тато по 10 минути вади бисквита од „тајниот џеб“.
Напомена: Некои велат дека мана му е тврдоглавоста. Кога ќе одлучи нешто, тешко го менува мислењето.
Близнаци
Најразговорливиот татко.
Зборува. Објаснува. Преговара.
Од обична прошетка прави вистинска авантура.
Ако тргнат до продавница по леб, ќе се вратат после еден час затоа што по пат гледале багер, зборувале со соседот, броеле кучиња и ги прескокнувале сите линии на тротоарот.
Напомена: Неговото внимание знае да оди на сите страни.
Рак
Семеен татко.
Најмногу сака кога сите се на куп. Ги гушка децата подолго отколку што планира.
Тој е тој што навечер проверува дали децата се покриени. Уште еднаш. И уште еднаш.
Напомена: Единствено што знае премногу да се грижи и да претера.
