Пораката што треба да ја слушнете од вашата помлада верзија, според астрологијата

Рак – Можете да се грижите за другите без да ги мешате вашите емоции. Туѓата болка не мора да биде ваша.

porakata-shto-treba-da-ja-slushnete-od-vashata-pomlada-verzija-spored-astrologijata01.jpg

Некогаш растот не значи дека треба да станеме друга личност, туку само да се присетиме на работите што сме ги знаеле порано.

Па, некогаш од помош може да ни биде нашата помлада верзија која ги гледала работите од друга перспектива.

Која порака од вашата помладата верзија треба да ја слушнете вие?

Овен

„Не мора да се борите против сè за да докажете дека сте силни“.

Отсекогаш сте биле личност која сака да делува.

Брзи сте, емоциите ви се изразени и храбро се соочувате со секој предизвик.

Но, како што минувало времето, сте почнале да верувате дека вашата сила се покажува само во битка и дека мора постојано да се докажувате.

Вашата помлада верзија може да ве потсети дека силата не секогаш е видлива. Некогаш да бидете силни значи да изберете мир наместо конфликт.

Некогаш значи и дека само треба да оставите нешто зад вас.

Бик

„Останувањето не е секогаш лојалност – некогаш е знак за страв“

Лојалноста е една од вашите најубави карактеристики. Вие сте овде за луѓето кога сите други ќе ги напуштат и им останувате посветени кога ситуацијата ќе им се влоши.

Но, вашата помлада верзија е овде да ве потсети дека не треба да се држите до сè или секој.

Постои разлика помеѓу лојалноста и стравот од промена. Некогаш кога упорно се држите до нешто не сте храбри, туку само ви се допаѓа комфорот.

Треба да изберете да созреете дури и кога се чувствувате несигурно.

Близнаци

„Вие не сте плитка личност – љубопитноста и длабочината можат да коегзистираат“

Веројатно многупати сте биле во ситуација кога не сте биле разбрани.

Вашата љубопитност, заедно со флексибилноста и интересите кои постојано ви се менуваат, можеби ги тераат другите да мислат дека кај вас нема никаква длабочина, но ова не е точно.

Кога сте биле помлади, сте биле свесни дека вие сте желни за нешто ново, желни да созревате. Но, со текот на времето ве убедиле дека сте расеана личност.

Време е да се потсетите дека вашата љубопитност воопшто не ве прави плитка личност.

Рак

„Можете да се грижите за другите без да ги мешате вашите емоции. Туѓата болка не мора да биде ваша“

Вашата импатија е особено изразена и вие чувствувате сè, до тој степен што некогаш туѓите емоции стануваат ваши.

Вашата помлада верзија може да ве потсети дека емпатијата не бара да бидете и жртва.

Можете да ги сакате луѓето без да ја апсорбирате нивната болка. Ако поставите граници, не значи дека сте лоша или студена личност.

Напротив, ова ќе ви помогне да бидете подобар пријател.

Лав

„Вие вредите и кога не се докажувате. Луѓето ве сакаат такви какви што сте“

Вие сте личност која блеска и која носи топлина и енергија во секоја просторија.

Но, со текот на времето, ова блескање ве натерало да чувствувате притисок дека секогаш треба да ги импресионирате другите, да го давате најдоброто од себе.

Вашата помлада верзија може да ве потсети дека луѓето ве сакале уште пред да пробувате да ги импресионирате сите.

Она што е вредно кај вас е вашата автентичност.

Девица

„Нема ништо погрешно со вас. Несовршеноста е човечка особина“

Имате навика да си поставувате екстремно високи стандарди за себе поради што неретко се критикувате.

Мислите дека постојано има простор за подобрување и дека правите нешто погрешно.

Вашата помлада верзија е овде да ве потсети дека со вас нема ништо погрешно.

Вие не сте проект кој треба да го завршите совршено, туку вие сте личност. Несовршеноста не е мана туку е дел од животот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg