Лекцијата што треба да ја научите до крајот на летото, според месецот на раѓање
Мај – Обично барате стабилност преку материјалното, па вашата лекција за ова лето е да научите да не се врзувате премногу за материјалните работи.

Летото е период на забава, уживање и дружење, но и период на учење и созревање.
Летото како да го означува почетокот на втората половина од годината, па на многумина ова им е поттик да забрзаат со целите што си ги поставиле.
Но, за да го оствариме она што сакаме, секогаш треба да научиме и некоја лекција.
Која лекција треба да ја научите до крајот на летото, според вашиот месец на раѓање?
Јануари
Тоа што се амбициозни честопати ве тера да се фокусирате само на надворешен успех.
До крајот на летото мора да научите да бидете помеки и да внесете повеќе радост во вашето секојдневие.
Животот не е само листа со цели кои треба да ги исполните.
Февруари
Вие сонувате да го промените светот, но вашата лекција за ова лето е да научите да се поврзувате со вашите емоции.
Не пробувајте да си ги објасните, туку дозволете си да ги чувствувате.
Со ова ќе најдете мудрост која на крај сепак ќе ви помогне да направите разлика во светот.
Март
Вашата духовност е веќе развиена, но проблем е што честопати се губите во вашите соништа.
До крајот на летото мора да научите да се приземјувате во реалноста.
Направете разлика помеѓу реалноста и соништата и дури тогаш ќе можете да си ги остварите желбите.
Април
Најважното нешто што треба да го научите ова лето е да бидете трпеливи.
Постојано брзате и заборавате дека некогаш она што треба да направите е да ги оставите работите да се случуваат.
Доста често најдобрите работи доаѓаат кога сме трпеливи.
Мај
Обично барате стабилност преку материјалното, па вашата лекција за ова лето е да научите да не се врзувате премногу за материјални работи.
Ваша вредност, но и вашата стабилност не потекнуваат од она што го поседувате, туку доаѓаат одвнатре.
Заборавете на желбата за контрола.
Јуни
Како љубопитна и интелигентна личност, за вас е предизвик да си го смирите умот.
Ова лето пробајте да бидете поприсутни во сегашноста и научете да бидете мирни.
Пробајте да ги стишите мислите и ќе забележите дека вашата природна интелигенција ќе се истакне уште повеќе.