Годишен хороскоп за 2013 – Јарец

godisen-horoskop-za-2013-jarec-1

Општо: Веднаш ќе ве развеселиме – 2013 година ќе биде одлична година за јарците! Јупитер, планетата на добрите можности и среќата, сè до септември ќе се наоѓа во 5тата среќна куќа на креативноста, љубовта и исполнувањата. Она што сте го започнале во 2012 и што ви задаваше главоболки, ќе биде под ваша контрола и резултатите ќе бидат видливи. Во вашите планови ќе може да се потпрете на биковите и скорпиите, затоа што во овој период тие одлично ќе ви одговараат. Како и обично, вие сте тврдоглава и тешка личност, но понекогаш добро е да послушате туѓ совет, без разлика колку тоа и да ви изгледа глупаво.

Љубов: Иако ќе има кратки периоди на несогласување, оваа година ќе биде одлична на полето на љубовта за сите јарци. Без оглед дали ќе ја започнете сами или во пар, таа ќе ви биде една од најсреќните. Сексуалниот живот ќе биде богат. Имате партнер кој ви овозможува се што ви е потребно. За сите оние кои се слободни, ги очекува авантура која целиот живот ќе ја паметат. Оние кои се во врска, ќе имаат мирна и убава година, иако ќе има по некоја ситна кавга заради вашата тврдоглавост.

godisen-horoskop-za-2013-jarec-2

Работа: Во вториот квартал посветете се на работата бидејќи токму тогаш ќе ви се исплати сиот труд кој сте го вложиле. Оваа година сметајте ја за почеток на успешен период полн со напредок. Немојте да се продавате за малку повеќе пати и внимавајте некој друг да не профитира од вашите идеи. Добро проучете ги работите, па тек тогаш изнесете го вашето мислење. Иако сте психички стабилна личност, бидете спремни на вербални недоразбирања со поблиските и колегите само заради тоа што ќе имате различни сфаќања од нивните.

Здравје: Вашето здравје нема драстично да се промени во текот на наредната година. Евентуално внимавајте на старите болки кои ги влечете со години. Иако вашиот имунитет е стабилен, внесувајте витамини за така и да го одржите. Во последните месеци на 2013 година можни се проблеми со дишењето и варењето, па би било добро на време да посетите лекар и да се решите од потенцијалните потешкотии.

Среќни броеви оваа година: 1, 14, 25, 88

Среќен месец: Јули

Песна која ќе ви ја одбележи годината:

Би можело да ве интересира:

Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg