Кој се забавува најдобро на журките? Дознајте од парти - хороскопот

На секоја журка постои некој кој што е полн со енергија и е главен аниматор, некои се склони кон скандали и флерт, додека има и такви кои едвај чекаат да заврши прославата и да си одат дома.

koj-kako-se-zabavuva-najdobro-na-zurkite-doznajte-od-parti-horoskopot

Вашиот хороскопски знак открива какви сте на забавите.

Кога комшиите тропаат по таванот, знајте дека на забавата се главни Лавот, Овенот или Близнакот.

Ако Лавот е организатор на журката, тој ќе се потруди да биде крал на забавата и тоа да биде најбогатата и најлудата журка за која ќе зборуваат сите, кога ќе им помине мамурлакот.

Овенот е прв во смислување на лудости и опасни игри, здодевно му е ако вечерта нема возбудлива завршница како што е пуштање ракети во воздух, фрлање петарди, трка со автомобили, или бурна силна расправија.

Кога се забавуваат Близнаците, забораваат на своите години и се однесуваат како тинејџери: музика до „даска“, играње до зори, што поголемо друштво на познати и непознати луѓе, зборување, флерт, смеа...

Скорпиите сакаат силни „зачини“ на забавите, како што се покер на соблекување, играње на масите и црн хумор. Но, ако не се за забава, од страна само мистериозно ќе ги набљудуваат луѓето.

Биковите нема да уживаат ако не ги опкружува преполна трпеза на домашни вкусни јадења, а доброто друштво и пеењето на песни се добредојден додаток.

Вагите тешко се опуштаат во весели друштва, ним им треба повидно место и поексклузивна храна, а забавата ќе пропадне ако не се сигурни дека се совршено облечени и дека блескаат.

Јарците или ќе останат мирни, или ќе претераат, дозволувајќи го сето она од што бегаат во животот. Тогаш креваат врева, играат мавтајќи со рацете и отворено заведуваат случајно одбрани партнери.

Стрелците се живи забавувачи, омилени на сите прослави. Домаќинките ги сакаат затоа што умеат да ја ценат и пофалат добро подготвената храна. Сепак, знаат да бидат и во минус фаза кога само седат во аголот и со потсмев ги набљудуваат останатите гости кои се веселат.

Водолиите најчесто ги земаат работите во свои раце и анимираат сè околу себе, но исто така може да бидат потполно депресивни. Како и да е, сакаат помали и поинтимни забави со луѓе кои добро ги познаваат.

Рибите најдобро се снаоѓаат на бучните забави. Тие сакаат да најдат мирно и скриено катче со вино и гитара, каде занесено може да си ги пеат старите хитови и да го гушкаат партнерот.

Со Раковите никогаш не се знае. Тие може да бидат најзабавните личности во просторијата, засмевајќи ги сите околу себе, но исто така може да бидат и потполно депресивни. Како и да е, сакаат поинтимни забави со потесен круг на пријатели.

Девиците ретко кога ќе се „откачат“ на журка, но тоа не значи дека не уживаат. Тие таму наоѓаат пријатни соговорници, мирно си ги пијат своите коктели и уживаат набљудувајќи ги луѓето.

Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg