Љубовен хороскоп за 2013 година

Нова година, нови предизвици. Можност за нови вљубувања и окончување на старите. Што ќе се случува на поле љубов во 2013та? Проверете што вели вашиот хороскоп!

ljuboven-horoskop-za-2013-godina-01

Овен

Вашиот љубовен живот во 2013 година ќе биде полн со занимливости. Оваа година ќе има значителни промени во однос на минатата. Уште на почетокот на годината ќе водите љубовен живот полн со занимливости, така што ни самите нема да знаете што навистина сакате. Едноставно ќе испробувате сè што ќе ви се понуди, па од тоа ќе го одберете најдоброто.

На слободните во оваа година нема да им недостасува авантура, но советуваме сепак да бидете внимателни бидејќи се можни последици, затоа пред да започнете нешто во што не сте сигурни, добро размислeте. Оние кои се во потрага по партнер би можеле да пронајдат личност која ќе ги заинтересира, но дали тоа ќе бида вашиот вистински партнер најмногу зависи од тоа колку ви се јасни сопствените идеи и што навистина сакате.

Оние во врска почетокот на годината ќе го поминат во расправии и тоа најмногу затоа што не знаат што сакаат. Едноставно ќе има периоди кога нема да бидат сигурни во својата врска. Единствениот начин тоа да го дознаете е на партнерот да му кажете што ве мачи и да настојувате да ги расчистите работите, па се ќе тргне кон подобро од март. Ќе ги решите своите недоумици и така уште повеќе ќе уживате со партнерот што дополнително ќе го збогати вашиот сексуален живот.

Бик

Во 2013 нема да има некои значителни промени во однос на минатата година, причина за тоа е што премногу барате, едноставно во сè гледате само мани и тоа е вашиот најголем проблем. Сфатете дека никој не е совршен и согласете се на компромис, проценете ја личноста врз основа на она што е, а не врз база на изгледот.

Слободните најмногу авантури ќе имат во летните месеци, но тоа за жал ќе остане само авантура. Оние кои се во потрага по партнер, оваа година нема да им донесе некои големи измени во однос на минатата. Опуштете се, посветете повеќе внимание на себе, настојувајте да се изградите како квалитетна личност. Проблемот е во тоа што едноставно не ја наоѓате личноста која би можела да ги задоволи сите ваши потреби, а размислете за тоа дали можеби премногу барате, односно дали вие давате доволно за да ја задоволите другата личност.

Оние кои се во врска оваа година нема да имаат важни промени. На почетокот од годината ќе има мали проблеми, но тоа бргу ќе го решите. Причина за расправија може да биде монотоноста во врската, па ви советуваме тоа да го смените, да вовоедете некои промени во сексуалниот живот, патувајте со партнерот, уживајте, така ќе ја зацврстите врската и ќе го подобрите сексуалниот живот. Сексуалниот живот ќе ви биде полн со занимливости особено кон крајот на годината кога ќе бидете послободни откако ќе расчистите некои работи сами со себе, а и вашиот партнер тоа ќе го почувствува, па така задоволството ќе биде взаемно.

Близнаци

Во љубовниот живот ќе дојде до позитивни промени од април, кога љубовниот живот ќе ви се менува, било да сте во потрага по некого или сте во врска. Причина за тие промени ќе биде вашето однесување, ќе зрачите со позитивна енергија и така ќе ги привлекувате луѓето околу себе.

Почетокот на годината ќе го поминете заедно со семејството и дома, отколку со пријателите, затоа не очекувајте некои промени во тој дел од годината, но сè ќе се смени кога ќе се посветите повеќе на пријателите и излегувањата. Оние кои се во потрага за партнер, оваа година би можела да донесе промени во тоа подрачје, ќе се зближите со личност со која подолго време сте во контакт, но никако да го дефинирате вашиот однос. Опуштете се, не форсирајте, бидејќи ако станете напорни ќе ја оддалечите личноста од вас.

Оние во врска почетокот од годината ќе го започнат со расправии, неразбирање, ќе го запоставуваат партнерот, но немојте така да го оддалечувате од себе оној кој го сакате и кој ве сака бидејќи би можеле да ја изгубите личноста со своето невнимание. Ви советуваме да поразговарате со партнерот бидејќи некогаш ќе треба да побарате совет, а не да сметате дека сè мора сами да решите. На проблемите ќе им дојде крај веќе во летните месеци кога повеќе внимание ќе му посветите на партнерот и на луѓето кои ви се важни што позитивно ќе се одрази на вас.

Вашиот сексуален живот ќе биде монотон и малку досаден, настојувајте тоа да го смените, станете креативни, па и сексуалниот живот ќе ви стане поинтересен.

ljuboven-horoskop-za-2013-godina-1

Рак

Оваа година за вас ќе биде едно од мирните подрачја, сè до септември кога ве очекуваат позитивни промени. Немојте да се врзувате за куќата, запознајте нови луѓе и култури, па ќе се чувствувате поисполнети и попозитивни.

Оние што се во потрага по партнер, ќе станат очајни во летните месеци, што ќе доведе до лично незадоволство, но не очајувајте бидејќи сигурно нема никого да привлечете. Станете посамоуверени и кога најмалку ќе очекувате, крајот на годината може за секогаш да ви го смени животот. Имено во вашиот живот би можела да влезе личност која ќе ги смени сите ваши досегашни негативни ставови за љубовта.

Оние што се во врска би можеле да се разочараат во личноста која ја сметале за онаа вистинската и да ја прекинат долгогодишната врска иако вложиле многу труд за да опстане врската. Едноставно не е доволно тоа да сака само еден, пуштете го партнерот и дајте му слобода, а времето ќе покаже дали таа личност била вредна за вложениот труд. Сексуалниот живот ќе биде најинтересен на почетокот и на крајот од годината, кога ќе уживате во она што го имате и што му го давате на партнерот. Иако не сакате да признаете дека сакате да експериментирате и ретко ги коментирате своите доживувања, ви советуваме да му се отворите на партнерот и да му кажете што намногу ве задоволува, па така ќе дојдете и до уште подобар сексуален живот и поголемо задоволство.

Лав

Оваа година ќе почне идилично за Лавовите, сè ќе биде баш као што треба во сите аспекти на животот и љубовта. Тој период за жал нема долго да трае, веќе во март се очекуваат проблеми кои би можеле да доведат до прекин и оддалечување од една вам многу драга личност. Ако навистина ви значи, потрудете се за да не го изгубите она што го сакате.

Оние кои се во потрага по партнер, оваа година не ви носи баш најдобри вести на тој план. Ќе имате само краткотрајни авантури и врски за една ноќ.

Едноставно чувствувате емотивна нестабилност и не знаете ни самите што сакате, настојувајте да расчистите сами со себе што сакате од партнерот и дали таа личност е профил на она што го барате. Дури тогаш ќе можете да направите добар љубовен избор.

Зафатените ќе поминуват низ период кога нема да бидат сигурни во својот партнер, односно нема да знаат дали им е поддршка или кочница. Дозволете му на партнерот да ви помага кога поминувате низ проблеми и низ среќа, па така ќе ви се зацврсти и врската. Што се однесува до сексуалниот живот, тој ќе биде многу добар, што е и вообичаено за Лавовите, бидејќи се непредвидливи, па така секс можете да очекувате во било кој момент и на било кое место. Тие несебично ја делат свјата љубов и му угодуваат на партнерот, но исто така очекуваат награда за возврат.

Девица

Љубовниот живот во оваа година за вас ќе помине релативно мирно. Вашата ситуација нема значително да се смени во однос на минатата година. Оние кои се во потрага по партнер во оваа година нема да пронајдат личност што ќе им одговара на нивните критериуми, можни се краткотрајни авантури, особено во летните месеци.

Слободните би можеле да привлечат некого со својот неверојатен шарм и сензуалност, но бидејќи сте многу избирливи ќе ви треба време за да направите љубовен избор, само внимавајте да не биде премногу доцна.

Зафатените во оваа година ќе водат страстен и убав љубовен живот. Љубовните ветрови од време на време ќе го разбрануваат вашиот љубовен односо особено во летните месеци, но сè ќе се реши на време, покрај себе имате личност која ве сака и затоа ако имате било какви проблеми доверете и се и партнерoт ќе ви помогне и ќе ве поддржи во остварување на вашите цели. Сексуалниот живот ќе биде полн со непредвидливости, ќе уживате со партнерот, ќе водите љубов на разни места и ќе експериментирате, едноставно на вашата фантазија и креативност ќе им нема крај.

ljuboven-horoskop-za-2013-godina-2

Вага

Бидејќи Вагите се склони кон флертови, тоа нема да им недостасува во оваа година. Слободните ќе се впуштат во флерт со личности кои само физички ги привлекуваат, но внимавајте со своите игри да не повредите некоја личност бидејќи и самите не би сакале тоа да ви се случи. Ако сте во потрага по партнер во оваа година нема да пронајдете личност која им одговара на вашите критериуми. Бидејќи тешко и останувате верни на една личност, во оваа година ќе бидете подлежни кон авантури и експериментирање.

Зафатените ќе поминуваат низ еден турбулентен период во врската, сè почесто ќе се расправаат со партнерот, па можни се и прекини на врската. Ако не сакате да ја изгубите личноста која ја имате покрај себе, докажете и колку ви значи, немојте да и давате премногу повод за љубомора за да не дојде до раскинување.

Во сексуалниот живот нема да ви недостасува фантазија, вообичаено за вас, особено ако имате покрај себе страсна личност која ги задоволува вашите желби. Најголема желба за секс ќе имате во летните месеци. Во сексот најдобро ќе се сложувате со воздушните хороскопски знаци.

Скорпија

Бидејќи водите динамичен живот, таква ќе биде и оваа година. Ќе излегувате со друштво и ќе уживате, така што нема да ви недостасуваат флертови. Ќе ве привлекуваат личности од различни профили и ќе ви годат знаците на нежност и внимание. Оние кои што се во потрага по партнер би можеле да пронајдат личност која малку повеќе ќе ги привлече со својата нежност и таинственост, но времето ќе покаже дали е тоа она што навистина го барате.

Зафатените ќе поминуваат мирен период во текот на целата година, можни се помали расправии, но сè ќе решите во разговор со партнерот и ќе извлечете најдобра корист за себе. Важно е да бидете трпеливи па со време сè ќе си дојде на свое место. Вашиот сексуален живот ќе биде малку монотон и досаден особено во зимските месеци, па ви советуваме да внесете малку новитети, започнете со нови пози и места, збогатете го љубовниот живот, така подобро ќе се чувствувате.

Стрелец

Стрелецот најмногу турбуленции го очекуваат на почетокот од годината кога ќе биде подложен на авантури и излегувања, а помирен период ќе завладее дури во втората половина од годината. Оние кои се во потрага по партнер во оваа година нема да најдат профил на личност кој што им одговара. Ќе влегуваат во авантури во летните месеци, но со личности кои нема многу да им значат.

Зафатените ќе поминуваат низ проблематичен период со партнерот. Проблемите ќе почнат уште на почетокот од годината па можни се и прекини, но ако вашата врска е навистина силна ќе успеете и тоа да го надминете. Помирен период ќе завладее од мај, кога би можеле да поминете еден од најубавите периоди со партнерот.

Во сексот ќе бидете подложни на експериментирање со нови пози, особено ако вашиот партнер се согласува со тоа. Сексот ќе биде интересен во оваа година. Во сексот најдобро се согласувате со огнените, потоа со воздушните знаци на Зодијакот.

ljuboven-horoskop-za-2013-godina-3

Јарец

Јарците во 2013 година ги очекува вистинска идила што се однесува до љубовта. На вашиот љубовен живот ќе ви завидуваат многу ваши пријатели па и непријатели. Поради тоа би можело да дојде до помали тензии, но ништо важно нема да се смени.

Нема да имате потреба од влегување во било каков ризик, расправија, или било што друго кое би можело да и наштети на вашата врска. Со оглед дека сте многу тврдоглава личност, често ќе доаѓате во ситуации да го нервирате партнерот, но сите ваши испади се минливи и бргу ги заборавате.

За сите слободни Јарци во 2013 година ги очекува вистинска авантура која ќе се случи на почетокот од летото. Вие едноставно не сте во ситуација да се грижите за вашиот љубовен живот, а од истиот би можеле да произлезат многу позитивни работи. Една од тие е дека би можеле да пробате врска со некој кој ви е многу близок и би можел да ви биде многу повеќе од пријател. Едно кратко време ќе држите дистанца. Крајот на годината во вашиот живот вовоедува константност и по сè изгледа така ќе продолжи во текот на идната година. Вашиот сексуален живот ќе биде многу интересен. Покрај себе имате партнер кој ви ги исполнува сите желби и ви ги задоволува сексуалните апетити. Еден краток период во текот на февруари ќе поминувате низ мали паузи, но сè би требало да дојде на свое место на почетокот од март. Ќе имате потреба да изпробувате разни нови пози, па ви советуваме да внимавате поради можни ненамерни повреди.

Водолија

Љубовниот живот на Водолиите во 2013 година ќе поминува речиси по идеални патеки на мир и среќа. Вие и понатаму сте сталожена и присебна личност кога е во прашање вашиот партнер и генерално вашата љубовна врска. Иако сте подложни на ситни расправии поради тврдоглавост, ништо од тоа нема да се претвори во сериозен проблем кој би можел да ја наруши вашата врска. Од ден во ден како што ќе поминува годината, вашата врска ќе биде сè постабилна. Со оглед дека надвор од дома сте сосема друга личност кога е во прашање работата, ќе почувствувате потреба да поминувате повеќе време со својот партнер или партнерка, секој слободен миг.

Кон средина на годината во вашата врска ќе се случи еден позитивен пресврт и нешто што ќе дојде неочекувано во вашиот живот.

За сите оние кои се слободни оваа година не им носи премногу авантури, туку им носи личности со кои би можеле да остварат квалитетна врска. Таквата врска би можела да се случи кон крајот на пролетта, односно почетокот на летото. Иако Ќе поминувате помалку време во ноќен живот, за разлика од порано. Вашата врска ќе дојде ненадејно и со познанство на кое најмалку сте се надевале.

Еден краток период на почетокот од годината би можеле да поминувате низ депресивна фаза, но бргу ќе излезете од неа.

Вашите сексуални апетити нема да се менуваат, па и понатаму ќе уживате во сè. Нема да имате потреба да го менувате партнерот или партнерката. И понатаму љубовта љубовта ќе ви биде на прво место, па како резултат на тоа ќе уживате во животот со саканата личност.

Риби

Рибите ги очекува релативно мирна година. Вашиот љубовен живот нема да се менува во наредните 12 месеци, па вешто ќе избегнувате сериозни расправии кои би можеле да ја доведат вашата врска во лоша положба. Вашиот партнер е многу задоволен со вас и воопшто со односот и ви верува. Вие сте недоверливи, но би требало малку да се опуштите и да почнете да мислите и на други работи.

Суеверно владеете со своите чувства и точно знаете што сакате. Ако дојде до ситни кавги, лесно ќе ги решите во своја корист.

За сите оние кои се слободни, оваа година не би требало да се разликува многу од минатата, освен што може да се случи авантура од која би можело да произлезе нешто поквалитетно. Обидете се да одвоите време за надворешниот изглед, па на крајот одлучете се за некоја вам омилена рекреација. Кон крајот од годината ќе се случи промена на вашиот љубовен статус. Вашите сексуални навики нема да се менуваат. И понатаму ќе барате многу од вашиот партнер или партнерка, а најдобро би требало да се согласувате со Скорпиите. Сè уште не можете да ја заборавите минатата врска и не сте во состојба да заборавите што сè се случувало, ќе бидете под лесен стрес и нема лесно да се впуштате во сексуални односи. Со време тоа ќе се реши. Најголем апетит за секс ќе имате на почетокот и за време на летото.

Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg