Моден хороскоп: Бик

Жената Бик е најголем хедонист во хороскопските знаци, па затоа многу лесно може да ја споредиме со Одри Хепбрн. Повеќе од било кој друг знак, Биковите знаат да уживаат во естетското изразување низ облеката. Тие поседуваат огромна вештина за лесно да ги прикријат своите несовршености и на крајот да изгледаат посекси и од оние совршените.

moden-horoskop-bik-01

Жените родени во овој знак се свртени кон удобноста и комфорот на облеката, а оние најтипичните претставници на овој знак уживаат во задоволствата, па затоа доста ги вреднуваат квалитетните дизајнерски парчиња облека. Ако не се во можност да си дозволат нешто такво, склони се кон правилото што повеќе – тоа подобро. Затоа често може да ги пронајдете во некој бутик каде што има огромен попуст.

Жените Бикови имаат тон облека во својот гардеробер, а најверојатно ќе се пронајде и парче на кое етикетата сè уште не е извадена.

Секако, прекрасните елегантни фустани се неизоставен дел од гардеробата на жените родени во овој хороскопски знак. Секоја жена Бик во својот гардеробер има по барем еден тесен фустан кој многу добро ги оцртува нивните облини.

Ова се жени кои имаат природно чувство за естетиката и спремни се да одберат парче облека не според трендовите, туку според своите стандарди за модерно и удобно. Деталите како што се марамите, огрлиците и долгите синџирчиња се нивен неизоставен дел од стајлингот. Пастелните нијанси одлично им прилегаат на жените Бикови исто како и кафените нијанси.

Модни предлози за жените родени во овој знак:

moden-horoskop-bik-1

moden-horoskop-bik-2

moden-horoskop-bik-3

moden-horoskop-bik-4

moden-horoskop-bik-5

moden-horoskop-bik-6


Идеален претставник на жените Бикови:

moden-horoskop-bik-7

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg