Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипед 18-то брзинец

И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое време немаше“... Кој би рекол дека светот, дека начинот на живеење, на растење и созревање се менува толку брзо и, за жал, во негативна насока. Но, наместо да „попувам“ за тоа што немаше и да „солам“ памет на младите, среќно ќе се потсетам на сè што во мое време имаше и што сè уште си го чувам во срцето.

ah-vo-moe-vreme-se-sobirashe-detska-poshta-se-igrashe-sakate-li-vojna-i-mangup-beshe-toj-so-velosiped-18-to-brzinec-01.jpg

Нема некој кој барем еднаш во животот не ја слушнал таа позната реченица, „Во мое време, тоа немаше!“, често надополнета со „Во мое време се знаеше“.

Од нашите родители, а посебно нашите сакани баби и дедовци, сигурно и повеќепати сте ја слушнале таа реченица.

„Во мое време немаше…“

„Што се тоа мобилни телефони, во мое време тоа немаше, одевме директно кај тој што ни треба дома“ – зборуваше дедо ми, пораснат во мало скопско село.

ah-vo-moe-vreme-se-sobirashe-detska-poshta-se-igrashe-sakate-li-vojna-i-mangup-beshe-toj-so-velosiped-18-to-brzinec-02.jpg

„Потоа, дојдоа телефоните, ама се знаеше, тоа е за итно, затоа што скапо беше и високи беа сметките.“

И потоа почнуваат приказните за писмата кои баба му ги праќала додека тој бил во војска. Секој разговор, секоја приказна, мора да заврши со воениот рок.

„Во мое време се знаеше, машко дете мора во војска да оди“ – за него тоа е правило кое морало да се почитува. „Сега војна да пукне, кој ќе нè брани, сите пред компјутери, на телефони, ни пушка знаат да држат, ни да се бранат“.

Ах, списокот е долг за сè што немало во нивно време. Како тогаш поубаво се живеело, се вреднувале семејните вредности, немало разводи, немало насилство, како сè да било совршено и розово.

Но, дали навистина немало, или само сето тоа било многу добро скриено, бидејќи важело она: „Немој, срамота е“?

И јас на мои 35 година дочекав да ги повторувам моите сакани и да кажам „Во мое време немаше“.

Кој би рекол дека светот, дека начинот на живеење, на растење и созревање се менува толку брзо и тоа се менува во негативна насока? Но, наместо да „попувам“ за тоа што немаше и да „солам“ памет на младите, среќно ќе се потсетам на сè што во мое време имаше и што сè уште си го чувам во срцето.

„Во мое време имаше…“

Во мое време имаше игри на улица.

Денес улиците во маалата се речиси празни, а ние пораснавме на нив. После училиште, за викендите и целиот летен распуст бевме собрани за играње и дружење, на улица, пред зграда, во паркче.

Ластик, скокање на јаже, школка и плочка, сакате ли војна, штркот бира боја, крадци и полицајци, криенка и брканица, народна, игравме сè додека не слушневме како некој од дома вика по нас.

Во мое време се собираше детска пошта, салфетки и албуми со сликички.

Кутии и кутии полни со детска пошта и со салфетки, педантно наредени и грижливо чувани. Чувството кога се менувавме „Иам, иам, иам, иам, иам… Па, длабок здив, неам, неам, неам, неам…“

Трчавме во книжарниците да купиме нови сликички, на најразлични теми, со барбики, со принцези, со миленичиња, секако имаше и со филмски ѕвезди како Касандра и Беверли Хилс.

vo-moe-vreme-imashe-05.jpgфото: pinterest.com

А момчињата пак, собираа албуми со сликички од фудбалските првенства. Ако го собереш целиот албум добиваш наград, ранец, топка или велосипед. Емоции без крај!

vo-moe-vreme-imashe-04.jpg

Во мое време имаше панаѓури.

Ги обожавав панаѓурите, тој шарен свет исполнет со милион ситници, играчки, боички, кадифени мечиња, споменари со катанче во форма на срце, шноли и стегачи, кукли, пластични алки во сите можни бои и форми и, секако, тој неодолив мирис на американски крофнички и шеќерна волна.

Обожавав да одам на панаѓур или саем, а посебно новогодишниот. Имаше еден на главниот плоштад во Скопје, веднаш до големата елка и еден на скопскиот саем. Саемот не постои веќе, за жал...

Хартиените светкави новогодишни капи, кои беа задолжителен моден додаток на 31-ви декември, балони со бројки за секоја година, неколку метарски украси за ѕид и многу, многу лампиони, изборот беше навистина тежок.

И секако, петарди, кои до денес ги мразам, 100 денари за кутија со 100 петарди, мали рекети и моите омилени жичници.

Имаше и саем за почеток на училишната година, а најважниот момент беше одбирањето на ранецот и приборот. Мораа да се иста тема или барем боја. Тетратките со спирали беа хит во мое време, беа нешто ново. Дебеломинец, тенкоминец, пенкало со четири бои, беа на мојата шопинг листа.

Имаше и велигденски панаѓур пред црквата во Лисиче, а и за празникот Петровден.

Верувам дека за сите поголеми празници пред црквите се поставуваа тие панаѓури. Беа патувачки панаѓури кои одеа од град во град, зависно кој светец се слави во тој крај. Се сеќавам на лотаријата од 10 денари! Биравме плико во која имаше награда. Убави спомени…

Во мое време се праќаа честитки за Нова година.

Среќни новогодишни и божиќни празници и многу петки во училиште. Тоа беше таа позната празнична реченица напишана на честитката.

Штедев пари за да купам честитки за сите мои другарки и за соседите. Ја оставаме честитката на врата, ѕвоневме и бегавме брзо.

Слатки маки беше одбирањето на честитките, а врв беа музичките честитки.

Сега само пораки на Фејбуск и Вибер, истата се препраќа на сите контакти.

Во мое време шиевме облека за Барбиките.

Да се има оригинална барбика беше престиж и гордост, и најчесто беа подарок од роднините од странство. Немаше како сега додатоци, облека, куќи и мебел, автомобили и базени во скоро секоја продавница за играчки. Но, ние бевме и креативни и вешти, и во духот на големите модни дизајнери, шиевме облека за нашите омилени кукли. Прстињата избоцкани од иглите, ама среќни! Бев на седмо небо кога баба ми сплете ќебе и перница за Барби.

ah-vo-moe-vreme-se-sobirashe-detska-poshta-se-igrashe-sakate-li-vojna-i-mangup-beshe-toj-so-velosiped-18-to-brzinec-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg