Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога бевме мали...

koga-bevme-mali

Сите носиме спомени од детството во срцето и со радост се сеќаваме на нив. Кои од работите кога бевме мали оставиле трага во вашата меморија? Што од ова би сакале да го правите сега пак?

Кога бевме мали:

Јадевме кришки леб со чубрица. Додека си игравме на улица мајките викаа по нас со лепче во раката.

Бабите ни даваа да јадеме матено јајце со шеќер.

Пиевме растворен Step Light. Од што беше вкусен го лижевме на рака. Што радост беше кога ќе ти се офарбаше јазикот црвен.

Пукавме петарди низ цело маало. Тек кога ќе дојдеше Нова година...Сигурно сите добро се сеќавате за заканувачката приказна за детето што му пукнало петарда во рака и останало без прсти.

Облеката не ни беше брендирана, а сепак уживавме додека си игравме и така облечени по цели денови низ маало.

Неуморно вртевме хулахоп. Со часови чекавме редици за лулашки...а, денес се празни.

Девојчињата скокаа на ластик и играа плочка, а машките џамлии и на тапка.

На сите зглобовите ни беа направени рани од мавање со клик клак.

Гледавме Мамли, Том и Џери, Баљум баљум, Мечето Ушко.

Пишувавме споменари и водевме лексикони во кои пријателите одговараа на лични прашања.

Елката за нова година ја китевме со бастумчиња и златни бомбони.

Барбиките ни ги носеа од странство и ги чувавме како очите.

Собиравме животинско царство и за цел пополнет албум добивавме пакет со слатки.

Си игравме продавачки и готвачки, каубојци и индијанци, жмурки...

Улиците беа исполнети со детски џагор. По цели денови и ноќи. И на најтопло и на најстудено. Се дружевме сите. Се тепавме, се сакавме и на љубовно фото. Се бркавме, се штипкавме.

Кога бевме мали не знаевме дека безгрижноста е ограничена и сакавме да бидеме големи и да пораснеме.

Пораснавме...

Би можело да ве интересира:

Вашата „здодевна“ жена некому би му била секси љубовница „Вашата секси љубовница можеби е нечија здодевна жена, а вашата здодевна жена не...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Најкратката мудра приказна за среќата (и тројцата браќа) Доколку овие денови ви недостига среќа, оваа приказна е патоказ како да ја прона...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg