Сите сме во истиот хаос, но секоја борба е чекор напред
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Фризеркa 28-05-2020


Сите сме во истиот хаос, но секоја борба е чекор напред

site-sme-vo-istiot-haos-no-sekoja-borba-e-chekor-napred-01.jpg

Животот е тежок во моментов. Знам. Сите минуваме низ истите битки.

Воопшто не е така како што замислувавме дека ќе биде. Тешко е. Многу е тешко...

И јас го чувствувам тоа. Сите сме во истиот хаос. И да изгледа како да нема излез.

Колку повеќе денови минуваат, толку повеќе губиме надеж. Колку повеќе времето лета, толку послаби се чувствуваме.

Но, тоа е што е. Сега работите се тешки и не постои нешто што можеме да го направиме за да го промениме тоа.

Единствената работа која ја контролираме е нашата реакција на ситуацијата. До тебе е. Можеш да избереш дали ќе се самосожалуваш или ќе го прифатиш животот таков каков што е.

Дозволи си да научиш една од најважните лекции во животот. 

Што и да правиш, потруди се да запомниш:

Ништо не трае вечно. Ниту среќата. Ниту болката. Ниту животот. Зошто се однесуваме како да го имаме сето време на светот?

Болката е основен дел од растењето. Колку и да не сакаш да признаеш, нема растење без борба.

Жалењето за проблемите нема да промени ништо. Само ќе ти донесе негативност во животот.

Лузните од борбата ти се симбол на твојата сила. Не се срами од нив. Не ги криј.

Ако нешто е судено да се случи, ќе се случи. Без разлика што ќе сториш или нема да сториш.

Секој неуспех е само чекор напред. Грешките нека не те обесхрабруваат.

Што и да се случи, не гледај назад. Имај верба во себе и продолжи да се движиш напред.

Извор

Би можело да ве интересира:

Секој маж има една жена која никогаш нема да ја заборави Најтешко ми е да одговорам на прашањето колку девојки си имал. Мразам кога ми го...
За жената која е насмеана пред сите, а тивко плаче под туш... За жената чиј сопруг секој ден после работа си наоѓа изговор за да задоцни и има...
Не го сакаше, се омажи за него и сега си ги пакува куферите за дома секоја втора седмица Како можеше врска без љубов како нивната да заврши со брак? Имаа ли грам памет к...

Спонзорирани линкови: