Толку ќотек видов од бившиот сопруг, што веќе не дозволувам никој глас да ми повиши, а не па да ме удри

Видов денес еден твит со македонски коментари, кој длабоко ме погоди и ме испровоцира веднаш да го напишам ова, како жена која од прва рака почувствувала што значи семејно насилство. Додека човек не ја почувствува таа болка, нема многу искуство да зборува за неа.

tolku-kjotek-vidov-od-bivshiot-soprug-shto-vekje-ne-dozvoluvam-nikoj-glas-da-mi-povishi-a-ne-pa-da-me-udri-01.jpg

Се омажив од љубов и верував во неизмерна среќа, но ништо од тоа не ми се оствари.

Трпев насилство 6 години! На што личев после ќотекот само јас си знам. Бившиот сопруг креваше рака на мене секогаш кога ќе дојдевме до дискусија околу детето или домашниот буџет.

Наивна бев и после секое негово извинување и изјава на љубов, верував дека е последно. Ама не беше. Бев во заблуда дека второ дете ќе го реши проблемот и ќе почне повеќе да ме почитува.

Нормално, стана полошо. Две дечиња, проблеми, секојдневие, тој беше со „краток фитил“ и мојот хорор само се продлабочуваше. Не бираше ни кога, ни каде ќе ме удри.

Ме посрамотил и пред луѓе, тоа никогаш нема да му го заборавам. После бев како восочна фигура кога одевме заедно некаде, само да не го изнервирам и да не се посрамотам пак.

Страшното во моето страдање беше околината, каде слично како во твитот кој ме испровоцира, добивав утешителни коментари и совети, како бракот е свето нешто и не смее да се раскине, како требало да сум потрпелива и да не заборавам дека тој е глава на куќата, како децата ќе растеле несреќно без татко, да не сум обрнувала внимание кога е сопругот во лошо расположение.

Совети од луѓе кои за жал ги уважував и заради кои трпев години тортура.

Најстрашното е што ни мајка ми не ме поддржа кога ѝ плачев на телефон дека имам суицидни мисли и дека не можам веќе со пудра да си ги кријам модриците.

tolku-kjotek-vidov-od-bivshiot-soprug-shto-vekje-ne-dozvoluvam-nikoj-glas-da-mi-povishi-a-ne-pa-da-me-udri-02.jpg

Зад мене застанаа само сестра ми и зет ми.

Максимално ме поддржаа, ме освестија и после неколкумесечна борба со себе, конечно собрав храброст и побарав развод. И добив ќотек. Очекувано.

Но ја истерав работата до крај и сега живеам со човек кој ми ги прифати децата како свои и покрај тоа што не можам да родам дете со него. Но, овој пат сум позрела и немам намера да дозволам реприза.

Жалам што не бев искусна и паметна, па да се спасам на време.

Жалам што околината ни е толку мизерна и заостаната, што никој не препозна дека тонам и дека ми треба помош и поддршка, а не охрабрување дека треба да издржам во пеколот.

Жалам дури и што не побарав поддршка во центрите за грижа на жртви од семејно насилство.

Единствено ми е драго што насилството никогаш не се прелеа на децата, т.е. само јас бев мета.

Кога само ќе се сетам со кои зборови ме навредуваше, колку силно и бездушно ме удираше, ми доаѓа да пукнам од мака што не се разведов порано.

Држави по светов легализираа истополови бракови, а кај нас сè уште се стигматизира разводот. Срамота е!

Се срамам и од себе, што не знаев сама да се одбранам, што потпаднав под влијание на блиските, од кои очекував поддршка.

Од оваа перспектива, сфаќам дека биле или премногу заостанати или не ми мислеле добро. Трето нема.

Жени и мажи, никој нема право да крене рака на вас! На вашето тело, достоинство!

Не дозволувајте да ве газат и да го нормализираат ќотекот, за сметка на бруката ако сте разведени.

Разводот не е срамота.

Толку ќотек видов, што веќе не дозволувам никој глас да ми повиши, а не па да ме навреди или удри.

Насилството не е опција. Спасете се додека не е доцна.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg