10 факти за Сончевиот систем кои звучат нереално

Просечната температура на Тритон – една од месечините на Нептун – изнесува -235 степени Целзиусови, па се смета за најстуденото место во Сончевиот систем.

10-fakti-za-soncheviot-sistem-koi-zvuchat-nerealno-01.jpg

Земјата е третата планета во нашиот Сончев систем кој го сочинуваат вкупно осум планети.

Претходно се сметаше дека Сончевиот систем има девет планети, но бидејќи Плутон беше прогласена за џуџеста планета која е помала и од нашата Месечина, беше тргната од листата.

Во центарот на нашиот Сончев систем, како и кај секој друг, се наоѓа Сонцето кое е всушност ѕвезда од класата жолти џуџиња.

Сончевиот систем е ништо помалку од импресивен, а во продолжение неколку факти што го потврдуваат тоа:

1. Сатурн е единствената планета во Сончевиот систем чија густина е помала од водата.

Ова значи дека ако има доволно голем базен со вода за да ја собере, планетата нема да потоне, туку би пловела на површината.

10-fakti-za-soncheviot-sistem-koi-zvuchat-nerealno-02.jpg

2. Меркур е „најбрзата“ планета во Сончевиот систем.

Меркур се движи околу сонцето со брзина од околу 172.000 километри на час – околу 65.000 километри на час побрзо од земјата.

Една година на Меркур трае колку 88 дена на Земјата.

10-fakti-za-soncheviot-sistem-koi-zvuchat-nerealno-03.jpg

3. На Нептун дува најсилниот ветар во Сончевиот систем.

Ветрот на Нептун достигнува брзина до неверојатни 2.575 километри на час, а џиновските бури на планетата лесно би ја проголтале Земјата.

10-fakti-za-soncheviot-sistem-koi-zvuchat-nerealno-04.jpg

4. Венера ги има најдолгите денови во Сончевиот систем.

Еден ден на Венера трае 5.832 часа, односно колку 243 дена на Земјата.

Уште почудно е што годината на Венера е пократка и трае колку 225 дена на Земјата.

Односно, нешто помалку од два „венерски“ дена.

10-fakti-za-soncheviot-sistem-koi-zvuchat-nerealno-05.jpg

5. Температурните разлики на Меркур се мошне драстични.

Навечер температурата може да се спушти до -173 степени Целзиусови, а во текот на денот да се искачи до 426 степени Целзиусови.

10-fakti-za-soncheviot-sistem-koi-zvuchat-nerealno-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg